Дијабетска кетоацидоза

студент на медицина

Дијабетска кетоацидоза е сериозен проблем кој може да доведе до дијабетска кома па дури и до смрт. Кога клетките не добиваат доволно глукоза за да обезбедат енергија, телото почнува со липолиза, при која се добиваат кетони. Тие киселини се наоѓаат во крв или урина и се главен знак дека треба веднаш да се започне со терапија. Високо ниво на кетони можат да доведат до дијабетска кетоацидоза. 

Кои се симптоми на Дијабетска кетоацидоза ?

Потребно е доста време за оваа болест да дојде во доцна фаза, но тогаш најчесто има смртен исход.  Во рана фаза симптоми се: Често уринирање, хроничен замор, болки во стомакот, отежнато, плитко и брзо дишење и сува кожа.

Кој е одговорен за ДКА?

Одговорот е неправилниот третман на дијабетот. Неопходно е да се регулира нивото на инсулин адекватно и да одржувате правилна исхрана. 

Што треба да се направи кога ќе се јават симптоми на ДКА?

Консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ве упати да дадете примерок од урината. Во неа може да се увиди нивото на кетоните. Добра страна за откривање на потенцијална опасност од оваа болест е при проверка на глукоза во крвта. Постои можност од појава на ДКА кога нивото на глукоза е над 13,4 mmol/L.


 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>> 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 30.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина