Доктори.мк | Улогата на тутунот во настанувањето на канцер | Ulogata-na-tutunot-vo-nastanuvanjeto-na-kancer | Портал за медицина и здравје

Улогата на тутунот во настанувањето на канцер

доктор на медицина

Wynder и Graham во САД и Hill во Англија, во 1950 г. ги објавија првичните пообемни истражувања поврзани со пушењето и канцерот на белите дробови. Во текот на следните педесет години, овие наоди беа повеќепати потврдувани и проширувани низ бројни меѓународни епидемиолошки истражувања и случај контролни студии кои вклучувале милиони субјекти. За пример, во следните земји биле спроведени обемни кохортни истражувања за пушењето цигари и за канцер: Обединетото Кралство, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд, Холандија, Данска, САД, Канада, Кина, Тајван, а воедно и Јапонија. Податоците се разгледувани во Извештајот на американските општи хирурзи од 2004 г. и изданието бр. 83 од Монографиите за оценка на карциногените ризици за луѓето при Меѓународната агенција за истражување на канцерот (IARC).


Најсилниот одлучувачки фактор за канцерот на белите дробови претставува времетраењето на пушењето, а ризикот воедно се зголемува со бројот иа испушсни цигари. Пушењето го зголемува ризикот за сите хистолошки типови на канцер на белите дробови: планоцелуларен карцином, микроцелуларен карцином, аденокарцином (вклучувајќи го бронхо-алвеоларниот кацином) и крупноклеточсн карцииом. Аденокарциномот го има заменето планоцелуларниот карцином како најчест тип на канцер на белите дробови во САД и во други земји кој го предизвикува пушењето. Пушењето предизвикува канцер на белите дробови кај мажите и кај жените. Со откажување од пушењето цигари на која било возраст се избегнува понатамошното зголемување на ризикот од канцер на белите дробови што го предизвикува континуираното пушење. Сепак, споредено со ризикот кај непушачите, ризикот од белодробен канцер кај поранешните пушачи останува висок и години по откажувањето на цигарите.


Пушењето цигари претставува главна причина за уротелијалниот карцином на мочниот меур, уретерот и бубрежниот пелвис. Тој обично се поврзува со каицер на усната празнина, вклучувајќи ги усните и јазикот кај мажи и жени. Косумирањето алкохол во комбинација со цигарите значително го зголемува ризикот од орален канцер. Пушењето цигари го зголемува ризикот од синоназален и назофарингијален канцер, а тоа е и причина за орофарингијален и хипофарингијален канцер. Пушењето предизвикува и канцер на езофагусот, особено планоцелуларниот канцер, а исто така предизвикува аденокарцином на езофагусот, чија бројка на заболени расте во САД. Ларингеалниот канцер го предизвикува пушењето, а ризикот особено се зголемува со попратната консумација на алкохол. Слично на тоа, панкреатичниот и гастричниот канцер ги предизвикува пушењето, а нивната појава е количински условена.


Пушењето цигари е причинител за канцер на црниот дроб, кој е независен од последиците предизвикани од инфекцијата со вирусот на хепатитис В и С и консумирањето алкохол. Тоа предизвикува цервикален планоцелуларен карцином, влијаејќи на инфекцијата со HPV. Очигледно е дека пушењето цигари претставува најголема причина за канцер која може да се спречи. Тоа претставува и најголемото познато доброволно изложување на разновидни карциногени. Тоа е последица на зависноста што ја создава никотинот како некарциноген, заедно со паралелниот внес на повеќе карциногени соединенија. Карциногеноста на чадот од цигарите, како и на бесчадниот тутун, јасно е покажана во лабораториските истражувања и кај луѓето. Најмалку 14 типови на канцер до одреден степен се предизвкуваат од чадот на цигарите, при што белодробниот канцер е најсмртоносниот од сите нив. Бесчадниот тутун, како бурмутот, е причина за орален или панкреатичен канцер. Токму разновидните карциногени во производите од тутун, од кои за многу се смета дека се канцерогени за луѓето, всушност се одговорни за канцерогениот ефект на овие производи. Во тој поглед, интересно е да се забележи дека пронзводите од тутунот не се вреднуваат според истиот стандард за изложеност на канцерогеии како другите производи за секојдневна употреба. Ова претставува еден голем регулаторен недостаток.


Сепак, направен е значителен напредок околу контролата на тутунот, на локално и глобално ниво, бидејќи Рамковиата конвенција за контрола на тутунот при СЗО е пред ратификација во многу земји. Намалувањето на пушењето во земји како САД подразбира намалување на случаите иа белодробен канцер, при што во земјите се предвидува намалување на канцерите поврзани со тутунот. Намалувањето на бројот на заболени од канцер на белите дробови ќе помогне и во намалувањето на смртноста од канцер. Ова се охрабрувачки трендови, а мора да се продолжи и со главните успешни методи на контрола на тутунот-законска рамка за забрана на пушење на јавни места, зголемени даноци и агресивна кампања против пушењето. Состојбата во земјите во развој не е оптимистичка, бидејќи употребата на тутун во овие земји се зголемува. Во принцип, употребата на тутун во светот и понатаму е мошне присутна и мала е веројатноста дека ќе се искорени во блиска иднина.


Истражувањето на механизмите за канцерот предизвикан од тутун има понудено силна рамка за да се сфати делувањето иа карциногените од тутунот. Одлично ги познаваме карциногените во производите од тутунот, нивниот метаболизам во DNA аддукти и нивните попратни патеки за детоксификација. Зголемено е и разбирањето на сложените патеки што водат до геномна нестабилност и конечно до канцер, и тоа поради перзистенцијата на нерепарираните DNA аддукти во ткивата на луѓето-корисници на тутун. Овие наоди понудија нови согледувања околу клучните чекори за блокирање на процесот на индукција на канцер. Постои надеж дека овие согледувања околу механизмите ќе бидат преточени во практични пристапи за превенција и лечење на канцерот предизвикан од тутун.

ИЗВОР: DeVita, Hellman, and Rosenberg's Cancer: Principles and Practice of Oncology, 8Th edition

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 30.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина