Доктори.мк | Здравјето треба да се контролира | Zdravjeto-treba-da-se-kontrolira | Портал за медицина и здравје

Здравјето треба да се контролира

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Не е срамота да се биде болен. Дури осум отсто од многуте кардиоваскуларни заболувања и туморите се лекуваат, ако навреме се откријат. Затоа здравјето треба да се контролира, а не да се чека пет до дванаесет. Животот е убав и треба да се ужива во сите негови нијанси.

Во најразвиените европски земји луѓето одат редовно на контроли, иако лекарскиот преглед е доста скап. Грижата за здрвјето е работа на општата култура, се планира во домашниот буџет како купување на огрев, на облека, на одење на годишен одмор. Само ние сме најпаметни, и тоа во корист на своја штета. Само кај нас е срамота да бидеш болен. До кога?
Во нашиот народ преовладува свеста дека е подобро да се спречува отколку да се лекува. Затоа треба да се послуша, да се оди на редовна посета кај лекарот.


Гените нè предупредуваат

Генетското наследство е, обично, повод за почести посети кај лекарот, иако многу малигни заболувања не се пренесуваат по овој пат. Понекогаш е добра малата доза на страв, дека тоа што им се случило на поранешните поколенија ќе ни се случи и нам, ништо не е ефикасно како стравот. Сепак, освен фамилијарната историја, на вкупната здравствена состојба влијае и начинот на животот, количеството на стресот, временските непогоди. Честопати главен виновник е непотребното предолго чекање на ред за некој скап преглед од типот на магнетната резонанца. Во меѓувреме, болеста што тлеела и што можела да биде елиминирана в корен (да била навреме откриена) зафаќа застрашувачки размери, а лекарот може само да констатира: „Доцна е!“. Така, ова невнимателна наша екскурзија двојно нè чини: се фрлаат пари и се пропуштила шансата да се оздрави. Затоа е потребно да се разбере дека со редовната контрола на здравјето се вложува, пред сè, во себе.



Мали проверки, голем ќар

Скоро нема здравствен центар во Македонија во кој не може да се измерат крвниот притисок и холестеролот, да се открие дијабетесот, да се провери состојбата на грлото на матката. Штом организмот пушти сигнал дека нешто не штима, треба да го послушате зашто осум отсто од болестите, повеќето од туморите и од кардиоваскуларните заболувања можат превентивно да се отстранат. Не треба да се чека лекарот да тропне на вратата од вашиот дом, туку патот под нозе и во првиот здравствен дом. Единствено нешто што е полошо од негрижата за своето здравје е одење во друга крајност: хипохондрија. Порди хипохондристите, може да се случи во некои чекални да се појават натписи: „Не примајте фолиранти, вообразени болни!“



Кога некој има дваесет години, целиот свет е негов. За лекар слуша само ако мора да донесе уверение дека е способен за возачки испит и, евентуално, ако треба само да скокне до забар. Сепак, двата пола би требало да ја проверат телесната тежина за да може навреме да се коригираат сите нарушувања. Идеалниот крвен притисок е околу 120/85. Почетокот на сексуалниот живот за девојките значи редовно одење кај гинеколог и Папа Николаутест (еднаш годишно или почесто, ако се менува партнерот), како и почеток на грижа за здравјето на градите. Значи, не за тоа дали се градите во форма на јаболко или на круша, туку да се информираат за нивното значење за животот на жената. Мажите би требало барем да прочитаат дали е важно колкав им е или дали може да му се скрши додека води љубов, дали бубулиците (акните) на него се знак дека е болен. Шегата настрана, но убаво е нешто да се знае за своето тело.

Секое време си носи свое бреме

Штом се влезе во триесеттите, освен редовната контрола на килограмите, потребно е да се направи анализа на крвта и да се провери нивото: на холестеролот, на шеќерот, на црвените крвни зрнца, на хемоглобинот, на уреата, на креатининот и на мочката. Жените би требало да се радуваат на мајчинството, а мажите да вежбаат за најважната улога – улогата на татко.
Во четириесеттите стасуваат и некои сериозни комбинации „доктор и јас“. Кај господинот во бело треба да се оди на редовен годишен „туто-комплето“ преглед. Значи, да се одвои еден ден за малку кај чичкото за слух, па потоа кај оној за очи, па на колоноскопија, односно да се сними дебелото црево. За дамите е резервирана мамографијата, и тоа секоја втора година, додека добриот стар Папа Николаутест може да се работи поретко. По менопаузата, најдобар пријател станува кардиологот, кој лекува не само срце, туку често ја разбира и душата.


Златните шеесетти до белите осумдесетти или девесетти, па и целите 100, бараат редовно да се контролира крвниот притисок. Сите претходни тестови добро е да се повторуваат „заради мир во куќата“. И, не заборавајте, на контролата на крвната слика и на очите за да се предупреди глаукомот. Животот е убав и треба да се ужива во сите негови нијанси.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за проф. д-р Миќуновиќ > > >

www.doktori.mk, 28.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина