Абнормално зголемен клиторис - клиторомегалија

И клиторисот како и сите други органи може да биде абнормално зголемен. Кога зборуваме за абнормално зголемен клиторис, не треба да го мешаме со зголемувањето за време на возбуда што е нормално. За абнормално зголемен клиторис зборуваме кога истиот надминува 35 мм2, неговата нормална должина е 4-5 мм и широчина 3-4 мм.

Причини за клиторомегалија

Ако женското новороденче е со зголемен клиторис тогаш зборуваме за дополнителни андрогени кои ги произведувале жлездите на фетусот додека бебто било во матката на мајката. Во овој случај се работи за конгенитална адренална хиперплазија.

Доколку абнормално зголемен клиторис се јави понатаму во животот тогаш зборуваме за стекната клиторомегалија, а причина за тоа најчесто е пореметен хормонски статус кај жената. Најчесто зголемен клиторис науниците велат дека се јавува кај жените кои патат од болест на полицистични јајници. Научниците велат дека и лековите можат да предизвикат клиторомегалија, а најчеста причина е земањето на анаболички стероиди. Научниците велат дека бодибилдерките, како и жените кои земаат терапија за подигање на либидо и против остеопороза често имаат проблеми со клиторомегалија.

Лекување

Лекувањето се врши со пластична реконструктивна хируршка интервенција, при што се зачувуваат нервните завршетоци на клиторисот. По ваквиот третман жените добиваат нормален изглед на вагината и клиторисот и нормална сексуална функција.

 

www.doktori.mk, 26.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина