Доктори.мк | Симптоми кои укажуваат на сериозно заболување | Simptomi-koi-ukazuvaat-na-seriozno-zaboluvanje | Портал за медицина и здравје

Симптоми кои укажуваат на сериозно заболување

Сите ние понекогаш имаме некои симптоми кои доаѓаат од нашето тело, а кои не не загрижуваат бидејќи сметаме дека ќе поминат сами од себе, односно телото може само да се избори против причинителот на тие симптоми. Сепак доколку некои симптоми се јавуваат многу често, можат да укажуваат на постоење на сериозна болест, која мора навремено да се третира. Погледнете кои се симптомите кои мора да се проверат на лекар ...

Збунетост, не можете да најдете соодветен збор

Ако често застанете незнаете да најдете соодветен збор во реченицата, или наместо "црвен капут" изговорите "црвена када" како и други пореметувања во говорот и честа збунетост и конфузност, мора да побарате лекарска помош, без разлика колку години имете. Многу погрешно е што луѓето овие симптоми ги поврзуваат  со сенилност, и дека симптомите се нормални за возраста. Овие симптоми во ниедна возраст не се нормални и бараат адекватни испитувања, бидејќи често се предвесници на мозочен удар, причинет од исхемија(недостаток на кислород).

Рацете не ве слушаат, честа малаксаност во екстремитетите

Понекогаш чувствувате дека раката сама се поместува, не можете да фатите цврсто, ви изгледа како едната рака да е малаксана да не ја чувствувате или да неможете цврсто да го опфатите предметот? Ако често ви се јавуваат овие симптоми секако дека мора што порано да посетите лекар и дека како и претходниот симптом, може да станува збор за состојба пред мозочен удар. Мора да напоменеме дека како ран знак на мозочен удар може да бидат комбинација од овие два типа симптоми.

Подуеност во стомакот и болки

Честата подуеност во стомакот, болки и нелагодност, не мора да значи дека е се од храната, особено ако болките ви се појавуваат во пределот на јајниците, а притоа не сте во ПМС. Морате да посетите лекар кој ќе ви предложи адекватни испитувања, бидејќи е можно воспаление на јајниците или пореметување на дигестивниот систем.

Губење на сексуалната желба

Многу причини постојат кои ќе ви ја уништат сексуалната желба, како што се презафатеност, замор, нервоза и сл. Сепак доколку многу време немате сексуална желба или ви  многу мала, тогаш ова е сериозен симптом, може да укажува на дијабет или проблеми со крвната циркулација, побарајте лекарска помош, тој ќе направи соодветни лабораториски и други испитувања кои се потребни.

www.doktori.mk, 26.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина