Доктори.мк | Македонија ќе добие Државна кардиохирургија | Makedonija-ke-dobie-drzavna-kardiohirurgija | Портал за медицина и здравје

Македонија ќе добие Државна кардиохирургија

Македонците ќе добијат нова Државна кардиохирургија, ова беше одлуката на владата на последната седница. За околу два месеца се планира отпочнување со работа на новооснованата Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за државна кардиохирургија.

Министерот Никола Тодоров истакна дека со отворањето на новата Државна Каедиохирургија се реши еден голем повеќедеценсики национален проблем.  Тој додаде и  дека Државната кардиохирургија прво ќе биде сместена во објектот на Хируршки клиники се додека не заврши реализацијата на градежните работи за реконструкција на Клиниката за кардиологија каде се планира трајно да биде сместена оваа јавно здравствена установа.

Тодоров истакна дека Државната кардиохирургија ќе располага со најсовремена медицинска опрема како што е машина за екстракорпорална циркулација, гасен анализатор, апарат за мерење на коагулација на крв во тек на операција на отворено срце, посебни хирушки очила со ладно светло, грејачи за крвни продукти, апарати за торакална дренажа, ларингоскопски сетови, фрижидери за чување крв и крвни продукти, фибер бронхоскоп со извор на светло за операциска сала, инфузори, перфузори и друго, при што ќе можат да се изведуваат современи кардиохируршки интервенции.

www.doktori.mk, 25.01.2015

Најчитани статии - вести