Четири тајни на холивудските ѕвезди - како да одржувате витка линија

Постојано ги гледате холивудските ѕвезди и се прашувате како тие успеваат да ја одржуваат својата линија толку добра? Еве ја основата која ти ја практикуваат за да останат витки ...

Квалитетот на вежбањето е важен

Секако дека за да одржувате линија треба да вежбате. Но, квалитетот на вежбањето е многу важен за да се постигне соодветниот ефект. Тие велат дека повеќе од 30 минути во текот на целиот ден срцето треба да ви чука побрзо од нормалното за да ги стопите вишокот масти. Освен редовното вежбање морате и постојано да се движите, да пиете течности и да вклучите и некое хоби како што е јога или пилатес. Ништо нема да направите ако час и половина во денот вежбате а пресостанатиот дел од денот лежите или седите - велат тие.

Хранливо овошје и зеленчук

Има разни типови на овошје и зеленчук и не секое е нискокалорично и не секое е хранливо - велат тие. Ако сакате да одржувате витка линија, треба да се информирате кое од овошјата кои на вас ви се достапни имаат најмалку калории, а добра хранлива вредност.

Внесување на влакна

Јадете храна која содржи многу влакна. Оваа храна ќе ве одржува сити долго време, при тоа нема да внесете многу калории. Доколку внесувате храна со малку влакна брзо ќе огладните и големи се шансите дека нема да издржите до следниот предвиден оброк или пак нема да се придржувате до предвидената количина во диетата.

Исфрлете го "белото"

Користењето на шеќерот, белото брашно, класичниот леб кој секојдневно се купува треба да стане минато за вас. Одберете интегрален леб, житарици или пченично брашно за да го спречите наглото дебелеење.

 

 

www.doktori.mk, 24.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил