Доктори.мк | Вагинизам - кога жената ќе се исплаши од сексуалниот однос | Vaginizam-koga-zenata-ke-se-isplasi-od-seksualniot-odnos | Портал за медицина и здравје

Вагинизам - кога жената ќе се исплаши од сексуалниот однос

Вагинизам претставува грч кој се јавува во вагиналната мускулатура, при што истата се стегнува и се оневозможува сексуалниот акт. Вагинизамот е од невролошка природа, жената се плаши да се впушти во сексуален однос, а причините за тоа се бројни.

Вагинизам поради Психичка траума

Вагинизамот често се јавува кај жени кои имале лошо искуство во минатото, обид за силување, семејни проблеми или стрес. При овој тип на вагинизам мускулатурата на вагината се стеснува до тој степен што многу тешко може да се ослободи, пенетрација на пенисот е целосно оневозможена.

Вагинизам при прв сексуален однос

Овој тип на вагинизам се јавува најчесто кај девојчињата кои се во помлада возраст. Тие се убедени дека при првиот сексуален однос ќе чувствуваат голема болка, па поради тоа нервниот систем го предизвикува вагинизмот како знак на одбрана. Најчестите случаи на вагинизам се јавуваат кај невини малолетни девојчиња, бидејќи истите сеуште не се чувствуваат доволно спремни за сексуален акт. Наглите обиди за пенетрација можат да предизвикаат дополнителна болка, како и да навлечат лажен страв кај девојката дека сексуалниот однос е многу болен.

Страв од несакана бременост или чувство на вина

И овој тип на вагинизам е многу чест. Се јавува почесто кај жените кои психички се помалку стабилни, изложени на стрес и често се чувствуваат вознемирено. Овие жени и покрај контрацепцијата и адекватното спроведување на сите препораки за безбеден секс, тие чувствуваат дека можат да забременат и поради тоа лесно го предизвикуваат грчот на вагината, исто така овие девојки често чувствуваат вина после сексуалниот однос особено ако тоа не го прават со својот партнер, па често во вакви слулчаи се иницира силен грч на вагиналните мускули поради психичка реакција на телото.

Што може да се направи?

Како што веќе рековме вагинизмот се јавува како последица на некој страв кој жената го чувствува. Па поради ова советувањето со психолог или психијатар може навистина многу да помогне. Освен тоа научниците велат дека редовната мастурбација исто така може да помогне да се спречи јавувањето на вагинизмот. 

www.doktori.mk, 24.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил