Важна ли е за мажите големината и ширината на вагината и дали на тоа може да се влијае?

Големината и дебелината на пенисот заклучивме дека е важна. Постојано стигнуваат критики на адреса на мажите, за нивната големина, техника и умешност. Но што е со големината и ширината на женскиот полов орган? Ова е табу тема за која воопшто и не се разговара. Важна ли е големината и ширината? Дали чувството е различно? Дали на ова може да се влијае?

Период на промена

Со пубертетот доаѓа до раст и развој на машките полови органи, но и на женските исто така. Големината  како на машкиот така и на женскиот полов орган започнува да се менува во времето на пубертетот. Кај мажите, големината повеќе или помалку е дефинирана уште пред пубертетот, но кај жените не е така, бројни фактори можат да влијаат на промената на нивниот полов орган.

Главниот период на промена на вагината е започнувањето со сексуалниот живот. Само еден сексуален однос  е доволен таа да се промени и да продолжи да се менува. Не само хименот е причина за болка и мало крварење на првиот сексуален однос. Вагиналните ѕидови се истегнуваат и се рашируваат, што е исто така причина за болка и мали крварења. Сепак без разлика дали ќе имате редовен или не толку редовен секс, по првиот сексуален одност па понатаму со текот на самото стареење вагиналните мускули ќе се опуштаат и таа ќе се проширува и нема да биде така "тесна" како некогаш. На ширината на вагината навистина силно влијаат секс-помагалата, различните секси играчки кои се користат при мастурбирање, а се со поголема димезија од она што е нормално за вагината, можат да предизвикаат навистина поголемо опуштање и разширување на вагиналните ѕидови. Секако дека не треба да напоменуваме дека исто така и раѓањето на дете енајголемиот фактор кој трајно ќе ја промени величината и ширината на женскиот полов орган.

Естетика

 Што се однесува до естетиката, многу мажи  ширината на вагината и естетиката ги поврзуваат.  Но, не е така. Постојат многу различни типови на  вагини, кои се различни уште од самото раѓање.  Некои се визуелно по убави, други изгледаат како  помалку симетрични, сепак тоа не е мерило на  партнери кои ги имала жената или на бројот на  полови односи.

 

 Дали на мажите им е важна ширината?

 Да, колку и да се дискутира на оваа тема сепак на мажите им е подобро кога ширината на вагината е помала исто како што  е важна пристојна големина на пенисот за една жена. Причина за ова е подоброто прифаќање на пенисот од страна на вагина со потесни ѕидови и овозможување на поголемо уживање на само на мажот туку и на жената.

Што можам да направам?

Постојат бројни дискусии помеѓу научниците околу тоа што треба да се прави или што може да се направи за да се зачува пристојна ширина на вагината. Сепак кегеловите вежби се општо прифатени како важни за да се одржите во "форма". Освен ова, доколку сакате да му овозможите "тесна" вагина не треба да применувате екстремно големи играчки од секси шоповите кои се многу влијателни врз ѕидовите на вагината. Постојат и хируршки интервенции, но тие сеуште се дискутабилни и пред да се одлучите на ваков чекор, ве советуваме добро да се информирате за позитивните и негативните последици од ваквиот чекор.


 

www.doktori.mk, 23.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил