Доктори.мк | Пробајте го вкусот на здравјето од поинаков агол - подгответе супа од коприви | Probajte-go-vkusot-na-zdravjeto-od-poinakov-agol---podgotvete-supa-od-koprivi | Портал за медицина и здравје

Пробајте го вкусот на здравјето од поинаков агол - подгответе супа од коприви

Супа од коприва? Ви звучи лошо? Но, пред да оцените потребно е да пробате. Копривата е растение кое е вистински благодет за здравјето, вистински еликсир за вашата крвна слика, вистинска моќ за вашето тело. Вкусот на супата е малку невообичаен, но ќе ви се допадне. Затоа подгответе го овој рецепт, уживајте во вкусот и подобрете го здравјето ...

Потребни состојки:

  • Еден букет млади коприви (во зависност од саканата количина и густина)

  • Една голема главица кромид

  • Две-три лажици царевично брашно

  • Две лажици црвен мелен пипер

  • Два литри вода

  • Малку сол и црн пипер по желба

Подготовка

Внимателно оделете ги листовите од копривата од стебленцето и измијте ги. Најпрво ставете го кромидот во сад со загреано масло. Пропржете го додека не добие жолтеникава боја, додадете ја копривата, посолете, зачинете и додадете го царевичното брашно и црвениот пипер. Полека долевајте ја водата, мешајте неколку минути и оставете следните 20 минути да се вари. Ако вкусот ви се допадне, секоја лажичка плус која ќе влезе во вашата уста ќе значи само здравје за вашето тело.

 

 

www.doktori.mk, 22.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана