Доктори.мк | Бела пивтија - продолжете ја традицијата, променете го вкусот | Bela-pivtija-prodolzete-ja-tradicijata-promenete-go-vkusot | Портал за медицина и здравје

Бела пивтија - продолжете ја традицијата, променете го вкусот

Денеска се прославува еден од најголемите христијански празници Богојавление - Водици. По овој повод повеќето од македонските семејства приготвуваат пивтии како традиционално јадење кое се консумира на денешен ден. Ние денес сакаме да ви презентираме рецепт за бела пивтија, сосема е поразлично од она што вие го знаете, но е вкусно, пробајте ...

Потребни состојки:

  • 200 г шунка

  • 100 г грашок

  • 200 мл кисела павлака

  • 3 кисели краставички

  • 2 чешниња бел лук

  • 2 кесички желатин

  • половина лажичка оригано

  • 500 мл јогурт

  • 2 варени јајца

  • 2 барени моркови

  • масло, сол и црн пипер

Подготовка

Ставете на оган 100мл вода, додадете го желатинот и промешајте со лажица. Кога водата и желатинот ќе зовријат, го додаваме јогуртот и мешаме додека смесата не се изедначи. Тенџерето го тргаме од оган. На ситни коцкички ги сецкаме, краставицата, морковите, лукот и грашокот ги зачинуваме со оригано и ги додаваме во претходно приготвената смеса. Потоа ја додаваме и павлаката и варените јајца кои претходно биле исецкани на коцки, мешаме добро се додека смесите потполно не се соедини, на крајот посолуваме и забиберуваме по желба. Смесата ја ставаме да се олади во облик кој ни одговора за сервирање.

 

 

www.doktori.mk, 19.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана