Четири работи кои мажите нема да ви ги простат во креветот

Постојано се зборува за тоа како мажите да бидат подобри љубовници и како успешно да ја доведат партнерката до "врвот". Сепак има ситуации кои жените многу често ги практикуваат, а мажите едноставно не можат да ги поднесат. Прочитајте кои се тие ...

Глумење

Мажите сакаат кога жените се задоволни и уживаат во сексот, но тие не можат да поднесат кога тие упорно глумат. Можеби тинејџерите можете да ги "изиграте" но поискусните мажи полесно можат да сфатат дека глумите задоволство. Во тој момент кога мажот ќе дознае дека ги глумите вашите воздишки на задоволство ќе се почувствува навистина навредено и тоа нема да ви го заборави.

Непотребни муабети

Скоро секое машко го иритираат непотребни разговори баш во моментите кога треба да се препуштите еден на друг. Оставете ги сите "важни муабети" за подоцна, бидејќи навистина ќе оставите лош впечаток.

Мора да "моли"

Сите знаеме дека понекогаш навистина не ви е до секс, но ако тој постојано мора да ве наговара по еден час, тоа навистина е напорно и со сигурност е нешто што навистина го иритира. Ако го сакате својот партнер и планирате иднина со него понекогаш и вие треба да превземете иницијатива и немојте постојано да глумите "неосвојливи" бидејќи лесно можете да го одалечите од вас, кога работите ќе ја надминат неговата црвена линија.

Никако не дозволувате орален секс

Кога се работи за анален секс тука работата е јасна, тој мора да го почитува вашиот избор дали сакате или не да се опуштате во таков вид на сексуално задоволство. Но, кога е во прашање орален секс тогаш навистина работите се поразлични. Непостои маж кој не сака орален сеск, а постојаното избегнување од ваша страна едноставно многу лесно може да направи овој тип на уживање тој да го побара на друго место. Ако го сакате и сте заљубени во својот партнер едноставно треба да го практикувате оралниот секс, барем понекогаш.

 

www.doktori.mk, 16.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил