Доктори.мк | Приредете и незаборавна предигра во пет чекори | Priredete-i-predigra-za-pametenje | Портал за медицина и здравје

Приредете и незаборавна предигра во пет чекори

Често се споменува дека за да се задоволи жена е потребно да и се приреди добра предигра. Но, како? Што е клучно за добра предигра? Прочитајте во текстот што следува ...

Чекор 1. Провоцирајте и бидете спори

На самиот почеток е важно да не ги допирате веднаш најсилните ерогени зони на жената. Немојте веднаш да ја соблекувате, бидете спори. Бакнувајте ја по главата, вратот, стомакот, колквите, но избегнувајте ги на почетокот брадавиците, а особено клиторисот, доближете се блиску, но немојте ни да добрете оставете хормоните да и проработат.

Чекор 2. Бидете строги

Полека поминете кон бакнување на градите и брадавиците, но вие не се соблекувајте, не дозволувајте да ви ги допира половите органи, оставете ја малку да копнее. Сеуште не се фокусирајте на клиторисот и не го допирајте, ако започен да станува немирна, фатете и ги рацете и продолжете со провокаторското темпо.

Чекор 3. "Казнете" ја

Бидете доминанти и "злобни", бидејќи во првите два чекори таа ќе се возбуди соблечете ја, но не поминувајте кон клиторисот туку спротивно нанесете и неколку еротски удари по колковите нагласувајќи и дека треба да биде мирна и послушна. Внимавајте зборуваме за еротски удари, а не удари кои ќе остават белег. Потоа започнете со метода на еротско гризење. Научниците во неколку наврати потврдиле дека жените обожуваат кога ги "гризат" во пределот на задникот.  Доближувајте се до нејзините полови органи, но продолжете со игнорантскиот однос полека префрлувајќи се кон стапалата.

Чекор 4. Стапала

Повеќе и од препоните некои жени навистина премногу се возбудуваат кога се во прашање стапалата. Па таман во моментот кога таа ќе помисли дека веќе ќе поминете на главното, вие поминете на стапалата. Грицкањето на стапалата полека одејќи преку нозете накај препоните ќе ја доведе до неверојана возбуда.

Чекор 5. Ставете го шлагот на тортата

Веќе е време да се препуштите на нејзините полови органи. Бидете нежни со мала доза на агресивност, натерајте ја таа да бара да поминете на главното. Откако ќе поминете на главното со голема сигурност ја очекува голем оргазам, нешто што со сигурност ќе го памети. Откако ќе завршите со "првата рунда" препуштете се на нејзе и оставете да видите што таа научила од предиграта. Ако започне да ве имитира тоа е сигурен знак дека тој секс ќе го паметите и двајцата како незаборавен.

www.doktori.mk, 14.01.2015

Последна вест

Најчитани статии - животен стил