Витаминот Ц дел од вашето секојдневие

студент на медицина

Аскорбинската киселина (витамин Ц) има незаменлива улога во чувањето на здравјето на луѓето, продолжувањето на животниот век, го забавува процесот на стареење, а го одржува и потребното ниво на ментална и физичка кондиција.

 

Затоа, неопходно е витаминот Ц да се внесува постојано секој ден. За разлика од животните, човекот не може во организмот да ја синтетизира аксорбинската киселина, па мора да ја внесува преку храната. За негова целосна ресорпција во дигестивниот тракт голема улога има и цинкот. Со обезбедување на доволна количина на витамин Ц, многуте метаболитички функции во кои тој учествува ќе течат непречено, а здравјето ќе остане сочувано. Тој помага и при настинка со што ги ублажува симптомите. Ги заштитува и клетките заради неговото силно антиоксидативно дејствување, со што ги спречува и разорувачките ефекти на слободните радикали.

 Витаминот Ц исто така го спречува создавањето на опасни соединенија, т.н. нитрозамини, кои настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната. Нивната постојана присутност може да доведе и до карцином. Значајна е и улогата во која витаминот Ц заедно со цинкот во синтеза на колаген, кој е составен дел на кожата, коските, тетивите, ‘рскавиците, забите и крвните садови. Делува и на високите концентрации на холестерол во крвта. Ја засилува и ефикасноста на имунолошкиот систем. Делотворен е и во превенција на разни вирусни и бактериски инфекции. Помага во ублажување на дејството на многу супстанции кои предизвикуваат алергии. Најчесто се конзумира во депо форми кои содржат и цинк. Треба да се внесува во доза доволна за задоволување на дневни потреби. Не е потребно да се внесуваат дополнителни дози.  Важно е да се нагласи дека витамин Ц не треба да се внесува преку суплементи доколку сте здрави и имате здрав организам, суплементот нема да ви наштети, но е целосно бескорисен. Витаминот Ц е најдобар кога изворот кој го содржи е целосно природен ...

... затоа препорачуваме:

Земете витамин Ц преку зеленчук

Земете витамин Ц преку овошје

Витаминот Ц не поднесува висока температура, затоа не го додавајте во топли јадења и напитоци

Не ја заборавајте вашата дневна доза, секако од природен извор

Користете ја природата за да останете здрави


 

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>> 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 13.01.2015

Последна вест

Најчитани статии - фармација