Најпопуларните митови поврзани со мастурбацијата во кои се уште се верува

Мастурбацијата е игра за момчињата тинејџери и тоа го прават само додека да најдат девојка, а потоа престануваат. Девојките никогаш не го прават тоа. Дали ова е навистина така?

Мит број 1. Мажите кои имаат редовен секс не мастурбираат.

Скоро повеќето жени веруваат во овој мит. Мажите кои имаат редовен сексуален однос не мастурбираат. Секако дека ова е далеку од точно и истражувањата покажале дека 72% од мажите кои имаат редовни сексуални односи често мастурбираат, но поинтересен е фактот што 68% од жените кои имаат редовен секс исто така го прават ова.

Мит број 2. Мастурбацијата е опасна за здравјето.

Од мастурбација може да се ослепи, да се добие инфаркт... Многу други тотални невистини до неодамна се ширеа меѓу луѓето. Во минатото родителите правеле специјални справи кои ги монтирале на пенисите на нивните синови, со кои се оневозможувало тие да мастурбираат. Справата целосно го покривала пенисот и се заклучувала, а единствено постоел отвор за уринарење. Ова само покажува колку бил сериозен митот дека мастурбирањето е штетно по здравјето. За време на инквицијата мастурбацијата кај мажите била смртен грев и се казнувала со смрт. За жал мастурбирањето и ден денес некаде се смета за грев и се верува дека е штетно по здравјето, но научниците неколкупати нагласија: „Mастурбирањето не само што не е штетно туку е и корисно за машкото, но и за женското здравје.“

Мит број 3. Мастурбацијата е за тинејџери и тоа само за мажи.

Мастурбацијата е поприсутна и почеста кај тинејџерите, но мажите тоа го прават скоро во текот на целиот живот, а научниците велат дека тоа е здраво без разлика на која возраст се. Жените скоро еднакво колку и мажите мастурбираат, а исто така мастурбацијата и кај жените се смета за здрава навика. Единствена причина зошто за мастурбацијата на жените помалку знаеме е тоа што нивната психологија не дозволува тие да зборуваат за тоа, за разлика од мажите кои за тоа зборуваат послободно.

 

www.doktori.mk, 12.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил