Што треба да ги прашате вашите лекари ако сте заболени од карцином на дојка?

Карциномот на дојка е тешка болест, но тоа не значи дека ако ви се дијагностицира дека за вас нема лек. Напротив, третманот, терапијата, добрата координација со лекарите, силната желба и навременото откривање можат да доведат до целосно оздравување. Затоа доколку ви е дијагностициран ваков тип на канцер, не очајувајте веднаш, прочитајте ги долунаведените прашања кои треба да му ги поставите на вашиот лекар за да се информирате правилно и да знаете какви следни чекори треба да превземете.

Лумпектомија или мастектомија, зошто?

Треба да се советувате со вашиот лекар пред да биде направена операцијата, тој треба да ви објасни што планира да ви биде направено, дали ќе биде отстранета целата града или пак само туморозниот дел. Побарајте од него да ви објасни дали лумпектомијата е прифатлива за вас и за каков тип на канцер се работи. Вие можете да инсистирате и на мастектомија (целосно отстранување на градата), ако така се чувастувате посигурни, сепак дури и да направите билатерална мастектомија нема да имате 100% сигурност дека канцерот е излекуван. Затоа не избрзувајте со одлуката, ако е потребно побарајте и второ мислење од лекар кој може попросто да ви објасни, за што се работи и што е најдобро да се направи, според неговите искуства.

Што ќе вклучува операцијата?

Прашајте го вашиот лекар како ќе се изведе операцијата каква постапка планира да се изведе и колку време би требало да трае (ориентационо). Разговарајте за анестезијата типот на анестезија која треба да ви се даде и кои несакани ефекти може да ги почувствувате по будењето. Обично пред да се направи операција лекарите веќе го имаат вашиот патохистолошки наод и ќе ви се објасни дали  можеби ќе биде потребно и отстранување на потпазувните (аксиларни) лимфни јазли.

Задолжително прашајте за времето на опоравување?

Задолжително прашајте го вашиот лекар за времето кое е потребно за опоравување, во зависност од типот и зафатеноста на карциномот престојот во болница може да биде различен. Какви ограничувања ќе имате? За колку време останување треба да се подготвите? Кај лумпектомија болницата можете да ја напуштите многу брзо можеби уште утре дента, додека кај другите типови е потребо подолго лекување во болнички услови, затоа не заборавајте за ова детално да се информирате.

Дали има друга процедура која ви овозможува поголеми шанси за излекување од предвидената?

Секогаш барајте да ви се каже која процедура е најсигурна, без разлика на тоа какви козметички ефекти има. Дали можеби има процедура која е посигурна, а не се изведува во болницата каде се наоѓате. Никогаш не донесувајте одлука сами, доколку е потребна поинвазивна процедура допуштете да биде направена во спротивно можете да си направите големи компликации.

 

www.doktori.mk, 12.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина