Предности и недостатоци кои доаѓаат со техниките на зголемување на пенисот

Големината на машкиот полов орган е комплекс за голем дел од машката популација. Скоро секој маж изјавува дека би бил задоволен кога неговиот пенис би бил барем уште неколку сантиметри поголем и подебел. Поради ова денес мажите применуваат разни начини за добивање " на некој сантиметар плус", но, се си има свои предности и недостатоци. Еве кои се тие ...

Продолжетоци за пенис

Пенисот може да се зголеми на наједноставен начин, со користење на продолжетоци за пенис кои можат да се најдат во скоро сите секс шопови. 

Предност: Предноста е во тоа што лесно се местат, брзо го продолжуваат пенисот за повеќе сантиметри, а потоа едноставно се отстрануваат ...

Недостаток: Мажот има минимално или скоро никакво уживања, ова служи само за поголемо задоволство на жената, но жената за тоа може да си користи и обичен вибратор, што го прави овој додаток доста банален ...

Имплант во пенис

Како и зголемувањето на градите и зголемувањето на пенисот е можно со имплант. Но, бидејќи пенисот е многу по функционален од градите имплантирањето има свои придобивки и нормално, свои последици.

Предност: Се зголемува дебелината и должината на пенисот, се зголемува самодовербата кај мажот, а уживањето не е толку намалено како кај продолжетоците.

Недостаток: Пенисот изгледа неверојатно, не секси. Ова го оцениле многу припаднички на понежниот пол, тие велат дека задоволството им било поголемо откако нивниот партнер вградил имплант, но пенисот им изгледал многу лошо па дури и застрашувачко. Освен ова научниците велат дека имплантот може да има и последици врз половата функција на тестисите и на самиот пенис, се зависи од материјалот на имплантот кој може да биде различен.

Хируршко поместување на коренот на пенисот

При хируршко преместување на коренот на пенисот се прават посебни хируршки интервенции кои одстрануваат лигамент, и го преместуваат пенисот кон напред, со што се добива видливо зголемување, но:

Предности: За разлика од сите други методи се однесувате природно, немате страни тела на вашиот пенис. Вашата самодоверба е зголемена. Пенисот видно е зголемен.

Недостаток: Ерекција ќе се одржува многу по слабо. Пенисот нема да може да ја доживее истата цврстина како порано. Подоцна е можно да дојде и до еректилна дисфункција.

Пумпи

Пумпите за пенис ги има во скоро сите секс шопови, тие работат на методот на истегнување на пенисот, но нормално е да процениме дека се што се растега за кратко време се враќа во првобитната состојба, еве што е предност, а што недостаток на оваа постапка:

Предности: Се користи по потреба, евтино, без изложување на хируршки интервенции и без никој да знае дека го користите.

Недостаток: Можни се многу повреди на сунгерестото ткиво на пенисот и компликации. Пенисот нема да остане во таа положба, резултат може да добиете само за тој сексуален однос и ништо повеќе. Болки и нелагодности исто така се можни.

Затоа, Ви препорачуваме да не се окупирате толку со изгледот и големината на вашиот пенис. Уживајте во животот и трудете се да станете подобар љубовник на други начини, не со зголемување на вашиот пенис. Тоа почесто може да биде непријатност, отколку уживање.

www.doktori.mk, 09.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил