Магична комбинација: Зелен чај, портокал и нане

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

Пијалокот од зелен чај, портокал и нане е идеален за намалување на телесната тежина, и за прочистување на организмот. Затоа се препорачува секојдневно да се консумира како поткрепа на целокупното оптимално здравје.

Зелениот чај го забрзува метаболизмот и помага во аpсорбирање на мастите. Една шолја зелен чај дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, рак на кожата, ревматски артритис, зголемувања на нивото на шеќер во крвта, висок крвен притисок, појава на настинка или грип итн.

Портокалот е исклучително ценет поради неговите хранливи и антиоксидантски својства. Не содржи заситени масти, но изобилува со растителни влакна кои се неверојатно корисни за луѓе со зголемена телесна тежина. Позитивно делува кај артитис, рак, срцеви заболувања итн.

Нането е богат извор на калциум, магнезиум, бакар, железо и калиум. Оваа билка го забрзува варењето на храната, му помага на oрганизмот да ги согори внесените масти и спречува подуеност на стомакот.

Подготовка на пијалок од зелен чај, портокал и нане

Еден литар вода се става на оган да зоврие 2- 3 минути.  Водата треба да биде на температура од 80°C до 85°C. Кога ќе биде готова, се трга од оган. Додаваме 5 вреќички зелен чај. Се остава да се излади 3- 5 минути . Потоа се отстрануваат вреќичките од чајот. Портокалот заедно со кората добро се мие и се сецка на ситни парчиња. Во чиста тегла се истура чајот, заедно со парчињата сецкан портокал и листови свежо нане. Добро затворената теглата се остава во ладилник во текот на целатата ноќ. Се пие по една шоља пред секое јадење.

Уживајте во пијалакот ...

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 09.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана