Скротете го високиот крвен притисок преку исхрана

Ако вашиот крвен притисок често оди над референтните вредности, покрај користењето на терапијата која вашиот лекар ви ја одредил, потребно е да внимавате на исхраната. За разлика од некои други здравствени состојби, исхраната е моќен регулатор на крвниот притисок. Ако ги примените неколкуте совети кои денес ќе ви ги дадеме, со сигурност ќе ги намалите проблемите со високиот крвен притисок, а со тоа ќе ги намалите и ризиците кои доаѓаат со него.

Исфрлете ја солта од исхраната

Солта не е потреба, солта е навика, прв и најважен чекор во борба против хипертензијата е исфрлањето на солта од исхраната. Она мало количество кое е потребно за внесување на јод во телото вие секако ќе го внесете и тоа нека не ви биде алиби, за да си го посолите појадокот. Солта ја задржува течноста во телото, што е главен причинител притисокот брзо да се покачи. Потсетете се на ова секогаш кога ќе посегнете по соларникот.

Јадете по две банани дневно

Јадете по две банани дневно, а исто така и зеленчук. Тие се полни со калиум кој ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок.

Јадете лук

Лукот докажано го намалува крвниот притисок, без разлика дали се работи за млад или за чешниња лук. Сепак мора да внимавате бидејќи лукот може да предизвика стомачни проблеми кај луѓето кои имаат преосетлив желудник или други дигестивни проблеми.

Јадете риба секој втори ден

Ова е една голема гаранција дека вашето здравје ќе оди во нагорна линија. Користете колку што може по свежа риба, таа е полна со Омега 3 за која се знае дека е вистински заштитиник на срцето и крвните садови. Рибата можете да ја подготвите на различни начини, таа секогаш е вкусна и секогаш е здрава.

 

 

 

www.doktori.mk, 08.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана