Доктори.мк | Предлог здрава трпеза за бадниковата вечер | Predlog-zdrava-trpeza-za-badnikovata-vecer | Портал за медицина и здравје

Предлог здрава трпеза за бадниковата вечер

Не постои празник на нашите простори кој вклучува повеќе обичаи од Бадник. За Бадник според традицијата целата фамилија треба да се собере дома, најстарите го подготвуваат ручекот според традицијата, тој треба да биде посен и да вклучува специјалитети кои се карактеристични за нашите простори. Ние сме сигурни дека вие веќе имате идеја како ќе изгледа вашата бадникова трпеза, но сепак прочитајте ја нашата денешна статија која можеби ќе ви даде уште некоја идеја ...

Печена тиква

 

Исечете ја тиквата на парчиња и ставете ја во тепсија. Печете ја на 200 C, околу 40 минути. Можете тиквите да ги прелиете и со мед или шеќер одозгора, иако сама по себе е доволна самата тиква.

Компот од јаболка и суви сливи

Во 1,5 литри вода ставете 2-3 исечени јаболки, 100 грама суви сливи, исцедете половина лимон, 2-3 големи лажици шеќер. Оваа смеса варете ја 20-сетина минути додека овошјето не омекне и послужете додека сеуште е топло на крајот од вечерата.

Суво овошје и мед

Ставете разни видови на суво овошје и оревести плодови во една чинија. Потоа одозгора прелијте со мед. Ова е едноставно, но неверојатно вкусно.

Предлог за главно јадење - Пијан шаран

Потребни состојки: Еден шаран, 2 лимони, 2 моркови, неколку гранчиња магданос, 2 чешниња лук, 150 мили литри бело вино, сол, бибер, масло за јадење

Подготовка:  Рибата добро исчистете ја и посолете ја и од внатре и од надвор со сол и црн пипер. Потоа во еден сад исецкајте го лукот, морковот и магданосот посолете ја оваа смеса и ставете ја внатре во рибата. Ставете ја рибата во длабока тепсија. Пота направете резови врз самата риба, а во резовите ставете тенки парчиња лимон. Прелијте ја рибата со 150 мл вино и исто толку вода. Ставете фолија одозгора и печете ја 45 минути на 200 степени.

Ви посакуваме пријатен апетит ...

Како вие ја подготвивте вашата бадникова трпеза?

 

 

www.doktori.mk, 06.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана