Четири најпопуларни митови за бракот

Бракот е заедница помеѓу двајца кои се сакаат и сакаат да го поминат животот заедно. Многу често можеме да слушнеме дека во бракот одредени работи стануваат подобри, а други полоши, но колку од нив се навистина точни? Денес ви ги претставуваме четирите најпопуларни митови кои се поврзани со бракот ...

Бракот ќе ги реши сите ваши несогласувања и проблеми

Иако ќе потпишете дека продолжувате во заеднички живот, бракот нема моќ да ги реши старите рани помеѓу вас. Единствено што бракот може да направи е да ве натера повеќе да се трудите, но ако имате проблеми и несогласувања помеѓу вас бракот нема мистериозно да ги реши овие несогласувања, затоа немојте да се залажувате.

Во бракот ќе мора да станете готвачка и дадилка

Ако се сакате меѓусебно, брачните обврски воопшто нема да ви бидат тешки. И за време на студиите сте биле готвачка и домаќинка кога сте биле подалеку од родителите. Вашето бебе ќе ви донесе посебна радос и љубов, па обврските околу него нема да ви бидат толку тешки колку што навидум ви изгледаат. Согласувањата со партнерот ќе ви донесат поделба на обврските и одговорностите, така што нема да се почуваствувате како дадилка или обична готвачка.

Никогаш повеќе нема да почувствувате "пеперутки во стомакот"

Ова е страв и на мажите и на жените, но потполно е неоправдана ако во брак стапувате со љубов кон партнерот или партнерката. Самата помисла дека тој секогаш е до вас и дека ќе ви пружи многу повеќе од  подршка во секој момент кога ви е тешко е емоција која треба да ја доживеете. Сите оние кои стапиле во брак со партнер во кој се вљубени рекле дека пеперутките во стомакот се дури по присутни од она кога немале сериозна врска.

Ќе треба да го заборавите честото дружење

Ова е апсолутен мит. Во почетокот на бракот дружењето е дури и почесто од она што сте биле пред да го кажете судбоносното "да". А по раѓањето на вашето дете единствено ќе треба да ги лимитирате ноќните скитања и диско забавите. Ако сте во брак со партнер кој ве сака, дружењата ќе бидат чести дури и по возбудливи од она што биле пред бракот, затоа ако сте сигурни дека тоа е тој или таа која е дел од вашиот живот и секогаш ќе биде, тогаш немојте да наседнувате на овие митови едноставно препуштете се на љубовта и уживајте.


 

www.doktori.mk, 05.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил