Сонот го чисти вашиот мозок

Ако досега спиењето го сметавте како луксуз и го правевте само во слободно време, почетокот на оваа година нека биде мотив да го промените овој став. А причина за тоа нека биде и последното истражување, направено во Њу Јорк, кое укажува дека спиењето го чисти мозокот.

Додека работиме, во текот на денот мозокот функционира напорно и поради ова нема време истиот да се справи со вишокот токсини и штетни хемикалии. Тие се таложат и го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест, но и од други болести кои ги зафаќаат невроните. Додека спиеме, мозокот функционира на друг начин, односно се фокусира во чистење на овие токсини и елиминирање на сите "вишоци" кои се нашле во мозокот во текот на денот. Еве зошто вишокот сон никогаш не е за фрлање.

Додека спиеме мозокот своето чистење го зголемува за 10 пати. Ова го тврдат научниците од САД кои го спровеле истражувањето. Поради ова, доколку не сме наспиени мозокот отежнато функционира, немаме концентрација, имаме забавени рефлекси и тешко ги обавуваме менталните функции. Затоа научниците уште еднаш предупредуваат дека 8 часа сон е оптималното време кое секој човек мора да го практикува за да остане здрав, расположен и функционален.

www.doktori.mk, 01.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил