Прославете ја новогодишната вечер паметно - подгответе се однапред за да бидете безгрижни

Оваа вечер е најочекуваната и најпосакуваната вечер во целата година. Сигурно веќе сте подготвени, веќе сте организирани, а денот ќе го искористите за да ги направите финалните подготовки. Па, како финална подготовка за престојната ноќ прочитајте ја денешната кратка, но корисна статија...

Размислете за облеката и чевлите

За да си поминете убаво, облечете нешто што е свечено, но комотно, со оглед на тоа што вечерта ќе ви помине во играње не облекувајте нешто што ќе ве стега и ќе ви го одзема конфортот. Особено припадничките на понежниот пол треба да бидат претпазливи кога се работи за високите потпетици. Ако ви кажеме дека високите потпетици не треба да ги носите вечерва сигурно со голема доза на презир ќе го прочитате ова, но ако размислиме по разумно, секоја жена во својата ташна или автомобил, може да стави еден пар балетанки, кои ќе ви дојдат одлично за да си ги одморите нозете по напорното играње, а ќе ви ја спасат целата вечер заедно со убавото расположение. 

Паметно менаџирање со алкохолните пијалаци

Ако ви дадеме совет дека не треба да консумирате алкохол на новогодишната вечер веруваме дека со оваа реченица нема да бе разубедиме, но затоа ви даваме совети како правилно да консумирате алкохолни пијалаци.

  • Ако сте љубител на жестоките пијалаци секогаш заедно со нив користете и вода, пијте многу вода додека ги консумирате жестоките пијалаци, бидејќи таа ќе ви помогне да го избегнете или амортизирате утрешниот мамурлак.

  • Не правете непромислени мешања во алкохолот. Мешањето на црвено и бело вино, вино и ракија или пиво и вино се убиствена комбинација. Одлучете се што ќе консумирате оваа вечер и притоа не менувајте алкохолни пијалаци. Ракија и пиво е единственото мешање кое е дозволено доколку се земаат и двете во мали количини. Неколку чаши ракија пред вечерата и неколку пива по вечерата е одличен избор, бидејќи ќе ја добиете потребната доза на алкохол за да се развеселите, а притоа нема да се опиете премногу.

  • Научете кога да престанете. Искусните консумирачи на алкохол знаат кога е потребно да престанат. Бидете и вие како нив, препознајте кога е потребно да престанете. Откако ќе ја прекинете вашата алкохолна сесија земајте голема количина минерална вода, или сок во остатокот на вечерта, на овој начин ќе останете весели, дома ќе се вратите пристојно, а и ќе го избегнете или значително редуцирате утринскиот мамурлак.

Размислете пред да влезете во автомобилот

Единствено оправдување за да одите на прослава на нова година со автомобил е ако сте силен анти алкохоличар, односно ако никогаш не сте пробале или конечно сте се откажале. Ако сте во план да испиете само една чаша алкохол тогаш автомобилот треба да остане дома. Не потпирајте се на фактот дека сопругата или другарот ќе вози, бидејќи во повеќето случаи мажите во полу-алкохолизирана состојба не дозволуваат друг да управува со нивното возило и тврдат дека се трезни.

Новогодишната вечер е повод да се развеселите, да се соберете со пријателите и да си поминете убаво. Но, не дозволувајте таа една вечер да ви направи проблем кој ќе морате да го решавате целата година или да го паметите како срам или трагедија.

Сигурни сме дека за престојната вечер веќе сте подготвени. Нашиот тим ќе остане и во наредната година да ви дава интересни совети и статии како да го живеете животот мудро и здраво. Тимот на ДОКТОРИ.МК Ви ја честита новата 2014 година, Ви посакуваме да бидете среќни, весели, задоволни и пред се - здрави. Останете и понатаму дел од нашата мисија, мисија за подобар живот, мисија за подобро здравје, за подобро утре. 

ОД ТИМОТ НА ДОКТОРИ МК

www.doktori.mk, 31.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости