Што треба да јадат немирните деца?

извор: www.ringeraja.mk

 

Истражувањата потврдија поврзаност на лошата исхрана со пореметувања во однесувањето, дури и со помал коефициент на интелегенција и лоши оцени. Од сите органи, мозокот е најчувствителен на прехранбените навики.

Кај деца кои редовно јадат храна со големо присуство на шеќер или рафинирани јаглени хидрати – како што се белиот ориз и белото брашно, односно нивни производи, може да дојде до пад на глукозата (шеќерот во крвта), што обично влијае на нивното расположение.

Тие продукти можат да предизвикаат ослободување на хормонотите на стрес, како што се адреналинот и кортизолот. Тоа ги прави децата нервозни, вознемирени, посебно ако по природа се немирни, тешко ги контролираат чувствата.

Прехранбените адитиви, посебно презервативите, вештачките бои и засладувачи, го прават премногу активен нервниот систем. Аспартам (E 951) може да предизвика главоболка, вртоглавица и замаглен вид, додека Сахарин (Е 954) лошо влијае на хиперактивноста кај децата. Моносодиум глутаминат (MSG) или засилувачот на вкус, штетно влијае на мозокот, предизвикува главоболка, хиперактивост, хроничен замор, промени во крвниот притисок, пореметувања на ендокринолошкиот систем, дебелеење, алергиски реакции и хормонален дисбаланс.

Затоа е важно малите деца да избегуваат фабрички произведена храна, или барем да се намали нејзината консумација. Наспроти неа, природната храна делува смирувачки на нервниот систем, посебно продуктите кои содржат калциум (зелениот листест зеленчук, млечните производи), магнезиум (банана) и цинк (ореви, лешници, бадеми). Овие минерали ги смируваат надбубрежните жлезди, го намалуваат крвниот притисок, ја ублажуваат напнатоста на мускулите и ја спречуваат несоницата, а сето тоа влијае на опаѓање на нивото на кортизол, хормонот на стрес.

Храна која делува смирувачки

  • Свеж зеленчук

Најдобар е свеж и тоа ситно сецкан, бидејќи децата така повеќе го јадат: стапчиња морков и целер, ленти пиперка, цветчиња брокула или карфиол (благо бланширани, само неколку минути ставени во вода која врие). На децата можете да им послужите и некој сос за зеленчук како што е мешавина на леблебија, маслиното масло, лук и сусам, салца (сос од домати со босилек и оригано) или гвакамоли (намаз од авокадо и сок од лимон, домат, пола главица ситно исецкан кромид, малку сол и бибер.

  • Свежо, замрзнато или сушено овошје

Послужете му на детето овошје на интересен начин – на пример, палма од банана и киви со додаток на парчиња мандарина или здрава овошна салата- редете наизменично слоеви на овошје, густ јогурт и житарици.

  • Јаткасто овошје и семиња

Витаминот Б6, кој се наоѓа во јаткастото овошје – ја намалува раздразливоста, депресијата и заморот и делува позитивно на промените на расположението. Одлични се и печените семки на тиква и сончоглед, како и зрната соја – бидејќи се полни со протеини и диетални влакна, кои ја потпомагаат регулацијата на глукоза во крвта.

  • Јогурт со интересни додатоци

Јогуртот е богат со протеини и калциум кои се значајни за изградбата на коските, забите, крвотокот, нервниот и мускулниот систем.

Кога купувате снегулки обавезно обрнете внимание:

  • мора да содржат најмалку 3 грама влакна по порција;
  • да имаат најмногу 13 грама шеќер по оброк;
  • да имаат помалку од 120 калории.

Послужете обичен јогурт, или со малку концентриран сок во него (домашен сируп од вишни, малини), или блендирано овошје (по потреба додадете малку мед или малтекс).

Идеи за здрав оброк

  • Сендвич од интегрален леб со намаз или месо (парче пилешки или мисиркини гради, туна (но не во масло), или парче печен лосос).
  • Леб од интегрално брашно и тврдо варено јајце.
  • Зеленчук, салца и сирење.
  • Варен компир со брокула и маслиново масло.
  • Палачинки со овошен јогурт.
  • Smoothie од јужно или друго овошје, јогурт и пченични снегулки.
  • Домашни пуканки.

Смирувачка ужинка

Ако детето е заради нешто вознемирено, а сака ужинка пред претпладневното преспивање, понудете му една од овие опции:

  • Интегрални крекери премачкани со намаз од кикирики, посно сирење, домашен џем или мармалад.
  • Снегулки со парчиња банана.
  • Чаша топло млеко.
  • Мафини од цели зрна житарици, со посно сирење.
  • Здрави грицки од соја.

Ако често се случува детето да не може да заспие, туку дреме испрекинато и делува иритирано, придржувајте се кон следното правило: ништо слатко пред спиење! Децата не смеат да консумираат колачи – посебно рафинирани, сладолед, пијалаци врз база на кола-кола и овошни сокови со многу шеќер.

Здрави опции за благо

Доколку сакате да ги задоволите потребите на Вашето дете за нешто слатко, прв избор нека Ви биде свежо цедениот сок. Но ако детето сака нешто поконкретно, направете му лесен сладолед – од замрзнат ниско калоричен јогурт, со прелив од ситно овошје.

Кога Вашето дете сака да се заслади, посебно во моментите кога е вознемирено, понудете му:

  • Праски, содржат соединенија кои се природен седатив.
  • Портокали, витаминот Ц и калиумот делуваат релаксирачки на мускулите. Освен тоа, дајте му на детето портокал да го излупи само (таа активност ќе го успори,а со тоа и ќе го смири).
  • Јаболка и банани, добар избор на витамини и минерали, кои помагаат да се смири вознемиреното дете.
  • Црно чоколадо, го намалува нивото на хормонот на стрес, кој ги прави децата нервозни.
  • Сладолед, но не било кој, туку сладолед од ванила со малку шеќер и маснотии.

 

 

 

www.doktori.mk, 30.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана