Доктори.мк | Како да ги одбегнете вообичаените празнични грешки во диетата | Kako-da-gi-odbegnete-voobicaenite-praznicni-greski-vo-dietata | Портал за медицина и здравје

Како да ги одбегнете вообичаените празнични грешки во диетата

Месеците декември и јануари се месеци кои дефинитивно не се пријателски расположени кон вашата линија. Ако успеете да одржите здрава линија и во овие месеци, тогаш навистина заслужувате почит. Денес ви презентираме неколку начини како да ги одбегнете вообичаените грешки во диетата.

Прескокнување на доручекот

Забави и прослави до касно навечер, што предизвикува спиење до доцна и само по себе предизвикува прескокнување на доручекот. Прескокнувањето на доручекот повеќе денови по ред предизвикува нарушување на метаболизмот, а со тоа и на вашата телесна линија. Не заборавајте дека доколку го прескокнувате доручекот, на добар пат сте сериозно да ја нарушите телесната линија.

Внимателно со храната, но и со пиењето

Во текот на целата вечер одбирате што ќе изедете плашејќи се дека ќе ви влијае на линијата. Но, пиете алкохол како тоа воопшто да не се смета. Ова е сосема погрешно. Треба да се внимава дури повеќе на алкохолот отколку на внесувањето храна. 

Немојте да бидете премногу строги кон себе

Ако вие одлучите дека ништо од скара или од други калорични јадења нема да пробате, тогаш се изложувате на стрес, па и шансите да "попуштите" и да почнете одеднаш да јадете баш се, се многу големи. Затоа, дозволете си себе си за празниците да јадете од се, само ограничете си ја количината. Можеби ќе добиете неколку килограми, но по празниците нема да имате голема тешкотија да се вратите во нормала.

Ако вежбате, не значи дека може да јадете колку сакате

Можеби сте човек кој вежбите си ги одржува и за време на празниците. Ова е добра навика, но немате привилегија да консумирате храна повеќе од останатите само затоа што вежбате. Вежбањето е добро, но внимавањето на храната и алкохолот се клучни за одржување на телесната линија.

 

www.doktori.mk, 30.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана