Доктори.мк | Кои типови на храна ќе бидат секојдневие во блиска иднина | Koi-tipovi-na-hrana-ke-bidat-sekojdnevie-vo-bliska-idnina | Портал за медицина и здравје

Кои типови на храна ќе бидат секојдневие во блиска иднина

студент на медицина

Несомнено е дека во тек се процеси за генетско модифицирање на храната. Поголемиот дел од нас не го одобрува тоа. Но, сте се запраше ли некогаш што се може да се најде на вашата трпеза или на менито во рестораните во блиска иднина? Еве што, за неколку децении, со голема веројатност, не очекува ...

Инсекти

Инсектите содржат многу хранливи состојки. Во некои делови од светот, тие се дел од традиционалнита исхрана. Во иднина постои голема веројатност дека ќе се најдат многу светски пазари и менија. Нивната нутритивна вредност е во липидите, протеините, кобаламините, токофероли и токотриеноли.

Лековит зеленчук

Молекуларните биолози веруваат дека во иднината нема да имаме потреба од таблети. Наместо тоа, ќе конзумираме зеленчук со лековити својства. Имено, се прават обиди за креирање на зелена салата која ќе го потикнува панкреасот да произведува инсулин. Модриот домат и неговиот сок ќе се користат против воспаленијата. Се верува дека со нивна употреба ќе се намали прогресот на ракот.


Млеко без алергени

Генетскиот инжинеринг е во потрага по формула со која би се направило кравата да дава млеко кое не е богато со бета-лактоглобулин. Тој е главниот причинител на алергиите.


Подобрен леб

Со дешифрирање на генетскиот код на пченицата утврдено е дека тој содржи 96.000 гени. Со нивни измени, во иднината ќе одгледуваме пченица која е отпорна на болести, има поголеми приноси и подобро се справува со климатските непогоди, како на пример сушата.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>> 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 27.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана