Интересни начини за справување со главоболката

Парацетамол, аналгин, ибупрофен, аспирин ... се низа од лекови кои се ефикасни за намалување на главоболката. Но, постојат и трикови за можеби кои помалку сте знаеле, но се исто така докажано делотворни, а еве кои се тие ...

Нозете во топла вода

Ставете ги нозете во топла вода, тоа ќе ве опушти и ќе предизвика зголемување на циркулацијата во нозете, што ќе го намали притисокот во главата, а истовремено и ќе ја ублажи главоболката.

Силно кафе

Овој совет не е наменет за страсните уживатели на кафе! Ако имате силни главоболки една шоља силно кафе ќе помогне да се растеретите од болката. Сепак ако започнете редновно со оваа терапија ќе станете зависници што пак лошо ќе се одрази на вашето здравје.

Лента за глава

Ова е интересен стар и докажан лек за справување со главоболката. Лентата натопете ја во оцет и заврзете околу главата, со умерено до силно постепено стегање.

Рехидрација

Доколку чувствувате дека вашата глава едноставно не е во ред, благи болки вртоглавици и измореност, може да се должи на недоволната рехидрација. Тука помага редовното пиење на здрави и чиста вода.

 

www.doktori.mk, 26.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина