Доктори.мк | Пуштете ги децата да пораснат | pustete-gi-decata-da-porasnat | Портал за медицина и здравје

Пуштете ги децата да пораснат

извор: www.ringeraja.mk

 

Родителите кои претерано се грижат за своите деца не треба да бидат горди на тоа. Поистоветувањето на љубовта со покажувањето на грижа е многу опасно, бидејќи на тој начин ги спречувате децата да пораснат психички.

Во првите неколку години по раѓањето детето е потполно беспомошно, па мајката го опкружува со љубов и внимание. Претпоставувајќи што му треба на детето инстиктивно, читајќи ги неговите мисли таа успева да му ги задоволи потребите и да го стимулира развојот. Мајката и малото дете се во психолошка симбиоза бидејќи мајката функционира како детето да е дел од неа. А кога детето ќе почне да расте, да го разбира светот, оваа симбиоза полека се разлабавува и доаѓа до конечната цел – израснување на детето. Еден од начините родителите несвесно да го саботираат израснувањето на детето е да продолжат да се грижат за него, кога тоа не е повеќе потребно.

Секако дека родителите треба да се грижат за децата тогаш кога тие нема да бидат способни. Целта на секој добар родител е да го подготви детето за самостоен живот во општеството, така што постепено ќе го учи да се грижи за себе. Израснувањето на детето некои родители го доживуваат како повеќе да не се потребни. И на место да престанат да се грижат за детето и да го сакаат безгрижно тие продолжуваат да изразуваат загриженост. Дури и тогаш кога “детето” има дваесет или триесет години. Мајките често велат: Додека сум жива ти ќе бидеш мое дете. И затоа мајката, на пример, не може да заспие се додека нејзината триесет годишна ќерка, која излегла во сабота навечер, не и се јави дека стигнала дома.

Ако ќерката не научила да се грижи за себе сама, мајчината грижа не може да ја заштити од неволја. Грижата на мајката нема позитивна функција освен да го потврди односот на љубов. Мајката верува дека кога не би се грижела би била рамнодушна, а тоа е негација на љубовта и доказ дека е лоша мајка.

Не само што не е позитивно, туку изедначувањето на грижата со покажување љубов е негативно. На тој начин родителите психолошки им забрануваат на децата да пораснат. Непотребно загрижените родители без престан испраќаат две токсични психолошки пораки. Првата е дека нивното дете е неспособно, а другата дека овој свет е многу опасно место. Иако некои деца многу бурно реагираат на ваквото однесување на родителите, многу деца во поголема или помала мера го прифаќаат. А кога тоа ќе се случи се појавува синдромот презаштитено дете чии главни особини се пасивност заради убеденоста во сопствената неспособност и страв од надворешнот свет.

Токму заради тоа, родителите кои претерано се грижат за своите деца не треба да се гордеат со тоа.

 

 

 

www.doktori.mk, 26.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил