Учење во 21-век - нека биде позабавно

Учењето е главниот проблем кај младите. Самата помислa дека треба да се седне пред книгата и да се поминат неколку часови во обид да се разбере она што некој друг го напишал звучи демотивирачки. Поради ова многу од младите ги одложуваат обврските и добиваат слаби оценки или ги паѓаат испитите. Како учењето да го направиме позабавно во 21-век? Како да ја искористиме технологијата? Прочитајте ги неколкуте совети кои следуваат...

Технологијата искористете ја паметно

Компјутерите и вашите паметни телефони, наместо само за игри и facebook chat можете да ги искористите и за учење. Снимете ја скриптата, книгата или презентациите на вашиот телефон. На овој начин ќе можете да си го повторувате материјалот секогаш кога ќе имате време без потреба со себе да носите книга. Но, освен тоа технологијата може да ви помогне уште на многу начини, кои ќе ги споменеме подолу.

PowerPoint презентација решение за огромниот материјал

Секогаш кога ќе се присетите на страните кои ги имате за учење ќе се демотивирате. За да го избегнете ова направете PowerPoint презентација. Извадете од книгата само она што е најважно направете слајдови со текст во различни бои. Доколку имате електронска верзија на книгата или скриптата работата може да се заврши многу брзо. Копирајте го она што е најважно. Вака ќе си го скратите материјалот, ќе можете да го повторите повеќе пати, а ќе бидете и по мотивирани за учење.

Учете во парови или во мали групи

Ова е наменето за предмети кои се пред се математички и логички, бидејќи теорија сепак најдобро се учи на само. Но, математиката и логичките проблеми многу подобро се решаваат во група. Изберете мала група која се состои од исклучиво сериозни ученици или студенти, кои навистина ќе бидат со вас само за да учат и нема да ви досадуваат. Потоа подгответе се што можеби ќе ви биде потребно, во топла и тивка просторија. На овој начин ќе ви биде забавно, нема да ви се здосади, а исто така и ќе го совладате материјалот подобро него кога тоа би го правеле сами. И не заборавајте еден лап топ секогаш треба да биде пред вас со конекција на интернет, бидејќи со сигурност тој ќе биде добра помош во групата.

Учете визуелно - искористете го youtube

Да, сите вие го користете youtube сервисот за слушање музика и можеби за гледање на некој видео клип. Но, дали некогаш сте помислиле колку само youtube може да ви помогне во спремањето на испити? Цели туторијали со детални објаснувања за скоро секој тип на наука. Само 4-5 клика и можат да ве делат од решение на вашиот проблем, нешто што сте се труделе цел ден да го разберете и да го научите. Во која и објаст да студирате овој сервис треба да ви биде секогаш прв избор кога имате потешкотија нешто да разберете, бидејќи речиси секога ќе има некое видео кое ќе знае проблемот да ви го објасни на многу по разбирлив начин.

Секогаш барајте слика - искористете го Google image

Понекогаш навистина одреден материјал повеќе се учи преку слики и во согласност со фактот дека една слика вреди 1000 зборови, некои работи навистина не можат да се опишат со текст. Па наместо да се нервирате зошто сликата не е добра или зошто во книгата не се наоѓа слика, досетете се и искористете го Gooogle image. Овој сервис ќе ви понуди стотици слики кои ќе го објаснат вашиот проблем, а вие уште во првиот момент ќе почувствувате олеснување.

Немојте да сметате дека материјалот е претежок - имајте доверба во себе

Иако можеби навистина се работи за тежок материјал, секогаш имајте на ум дека истиот е наменет за ученици или студенти и дека вие не сте ништо помалку паметни од некои останати кои добро го совладале. Затоа имајте доверба во себа, ако сер работи за нешто сложено тогаш читајте пополека, пасус по пасус се додека не го разберете не поминувајте на друг пасус. Правете паузи, користете чаеви и музика, но не брзајте, брзањето е најголемиот проблем кој не дозволува правилно да го разберете и научите материјалот.

И Facebook може да ви помогне

Групите во facebook се од голема корист за студентите. Направете си ваша мала група, иако секогаш не можете да се соберете за заедно да учите ќе можете нејасните прашања и материјали да си ги прикачувате толкму тука. Никој нема да знае дека ја користите, тоа ќе биде мала виртуелна соба која ќе ви помогне колку и да сте одалечени да учите заедно непречено.

 

 

 

www.doktori.mk, 14.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина