Мушмула - храна за здрав метаболизам

Мушмула (Mespilus germanica) е овошје кое на нашите простори е присутно со векови. Се калеми на круша и дуња, а обично дава плод уште истата година. Ова дрво света некаде кон крајот на април, а дрвото може да достигне висина до 7 метри. Плодот се бере некаде кон крајот на есента, не се јаде веднаш бидејќи е тврд, па поради тоа се остава неколку недели да омекне. Освен плодот се користи и цветот и листот.

Од ова овошје може да се направи мармалад, разни ликери и ракија. Познавачите на народната медицина велат дека мушмулата е овошје кое го потикнува метаболизмот. Го подобрува работењето на црниот дроб, ги зацврстува вуврезите, ја подобрува општата крвна слика и ги намалува болите во зглобовите и грбот.

Ова овошје ја стега слузокожата при што се препорачува при крварења во устата и лекување на разни типови афти. Освен ова го потикнува лачењето на плунка во плунковите жлезди, го потикнува варењето на храната во желудникот, па поради тоа се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со варењето или кај стари и изнемоштени лица. Познавачите на народната медицина го истакнуваат и лековитото дејство на семките. Семките се ставаат во вода, се чека додека не обабрат а потоа со истата се третираат рани. Додека стојат во водата ослободуваат состојки кои и помагаат на раната да заздрави - тврдат познавачите.

Мушмулата е овошје кое иако го има во изобилство на нашите простори малку се користи. Затоа ние ве поттикнуваме да размислите малку во врска со користењето на ова овошје. Неговите благодети се навистина големи, а тоа го заслужува вашето внимание. Од сега не пропуштајте барем за божиќните празници и посните трпези да го додадете на вашата трпеза..

www.doktori.mk, 19.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана