Прославете го Свети Никола со пастрмка - едноставен, но здрав рецепт

Денес е Свети Никола, голем христијански празник кој се прославува низ цела Македонија. Според традицијата на денот на Свети Никола се консумира риба. Рибата е потребно да се консумира многу често, но денес по повод празникот, подгответе пастрмка на едноставен, но здрав начин ...

Потребни состојки

  • 700 грама пастрмка

  • 7 главици кромид

  • сол 

  • масло за јадење

  • бибер

  • магданос 

  • таратор сос

Подготовка

Обезглавете ја рибата и испечете ја. Откако ќе ја подготвите исчистете ги коските и тргнете ја кожата. Кромидот претходно крупно исецкан продистајте го додека не изгледа стаклест. Додадете во кромидот таратор сос и зачинете по желба (магданос, бибер) и прелијте преку рибата. Moжете да извршите декорација со магданос и лимон по ваша желба.  Потоа послужете.

Рибата како храна треба да се користи барем два до три пати неделно, нека празникот Свети Никола ви биде мотив од денес па натаму редовно да консумирате риба. Ви посакуваме добар апетит и пријатен празничен ден ...

 

 

www.doktori.mk, 19.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина