Преосетливост на забите

доктор по стоматологија

Пречувствителност на забите (хиперсензитивност на дентинот) е патолошка состојба во која е изложен дентинот (забното ткиво кое лежи измеѓу површината на глеѓта и цементот на забот во чиј центар е забната пулпа), кој ги прави забите чувствителни на механички, осмотски, хемиски или термички дразби. Стимулацијата води до поместување на дентинската течност (дентинскиот флуид) внатре и надвор (преку дентинските канали кои се протегаат од пулпата низ дентинот), што доведува до пренос на стимулираните нервни завршетоци на пулпата и последователна болка. Хиперсензитивниот дентин е еден од најчестите симптоми на кои пациентите се жалат при посетата на стоматолог.

Кои се причините за преосетливи заби?

Причини за хиперсензитивностна дентинот се многу: губење на глеѓта поради ефектите на мастикаторната сила (џвакање) и парафункцијата или поради ерозија предизвикана од киселата храна. Од друга страна, повлекувањето на непцата поради пародонталната болест или несоодветната техника на миење на забите, предизвикува соголување на коренот и губење на тенок слој на цементот која го штити коренот. Во овие случаи, доаѓа до изложеност на дентинските канали заради надразби, како што се: мастикација, внесување на топли и ладни течности и храна. Изложените делови на забите доведуваат до болка која може да предизвика проблеми. На пример, на луѓето со чувствителни заби ќе им биде многу тешко да се напијат ладни пијалоци, јадат чоколадо или сладолед со лажичка.

Како да се третира преосетливиот дентин?

Преосетливоста на забите може да се намали со помош на специјални пасти за намалување на забната чувствителност. Исто така, се препорачува избегнување на кисела храна и избегнување на секојдневна употреба, посебно на паста за заби со абразивни својства. Мора да се избегне користење на тврди четки за заби, а првенствено е неопходно да се примени соодветна техника на четкање (не заборавајте да ги избегнете енергичните триења на забите со хоризонтални движења). Несоодветната техника на миење на забите, со користење на тврда четка за заби води кон гингивитис и соголување на корените.

 

Од страна на стоматолошки аспекти, агенсите кои најчесто се користат може да се поделат во три главни групи:

  • Антиинфламаторни агенси;
  • Ресурси кои го промовираат затворањето на дентинските тубули (обично врз основа на оксалат, натриумови јони...);
  • Средства кои имаат влијание врз деполаризација на нервните завршетоци на пулпата.

Се верува дека ласер енергијата се апсорбира од страна на фотохемиската трансформација, фототермички, фотоелектрични и фотомеханички ефекти, особено во компромитираните клетки на ткивата. На овој начин ласерите генерираат стимулативни, анти-воспалителни, аналгетски и антиедематозни ефекти. На овој начин пациентот чувствува намалување на болката и престанок.

Кога е вистинското време за посета на стоматолог?

Ако вашите заби се премногу чувствителни (реагираат на ладно и топло) за повеќе од една недела е најдобро да се посети стоматолог за тоа како да се оцени степенот на хиперсензитивност. Пред да ги преземете работите во свои раце, најдобро е да побарате стручни совети за правилна дијагноза на степенот на оштетување. Болката не е специфичен симптом и се јавува во голем број на болести. За оваа причина е најдобро да побарате професионален совет. Треба да бидете сигурни кога болката се јавува, дали ја предизвикуваат некои надразби и колку долго трае.

Дали комерцијално присутните препарати всушност можат да ја намалат хиперсензитивноста?

Паста за заби, чиј ефект е да се намали чувствителноста, обично вклучува некои од лекарствата што ги штитат изложените дентин тубули. Сепак, оваа паста мора да се користи постојано за подолг временски период (минимум еден месец) со цел да се набљудуваат првичните резултати.

Како стоматологот може да помогне?

Постојат голем број на терапевтски процедури за третман на дентин хиперсензитивност, вклучувајќи ја и примената на лекови во стоматолошката пракса, примената на ласерска терапија и пропишување лекови за апликација во вашиот дом.

Како пациентот да го спречи рецидивот после завршена стоматолошка интервенција?

Слушајте ги внимателно советите на вашиот стоматолог. Тој ќе ве посоветува за примената на лекови, а да се избегне понатамошна иритација треба да се изостават кисели пијалаци. Кај овие пациенти треба да се избегнат пасти за заби со абразивни својства (паста за полирање заби). Некои состојки на пастата за белење на забите, или за отстранување на пигментацијата со емајл како што е натриум пирофосфатот, можат да резултираат со хиперсензитивност. Исто така, стоматологот може да укаже на тоа да ја промените вашата техника на четкање и да аплицирате заштитни гелови.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 18.12.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија