Ефикасни трикови како сами дома да ја запрете забоболката

Нема човек што до сега нема искусено забоболка барем неколку пати во животот. Оваа болка е навистина лоша бидејќи едноставно не ви дозволува ништо да правите, ве прави нервозни и многу вознемирени. Посетата на стоматолог е задолжителна, но денешните совети ќе се однесуваат на тоа како да ја смирите забоболката барем до наредниот ден кога ќе можете да се обратите на стоматолог. 

Забниот конец на помош

Добро локализирајте од кој заб доаѓа болката. Потоа земете го вашиот забен конец и исчистете ги празнините. Многу често боката се јавува како резучтат на храна која се заглавила помеѓу забните простори.

Млака солена вода

Млаката засолена вода е добра замена ако немате забен конец. На овој начин ќе ги исчистите забите и ќе ја смирите инфламацијата. Но оваа метода употребувајте ја само кога имате забоболка, солот не треба да се употребува редовно во испирање на устата.

Коцка замрзнат чај

Замрзенете неколку коцки зелен или црн чај и држете како облог на заболениот заб, не може да ви наштети може само да ви помогне.

Компир замена за пломба

Кога ќе испадне пломбата забот обично ќе започне да боли бидејќи останува не заштитен. Парче компир на местото е добро решение додека да побарате лекарска помош.

www.doktori.mk, 17.12.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија