Како правилно треба да ви изгледа дневното мени кога сте на диета

Многумина од вас, свесни дека строгите диети не се многу здрави, сакаат да одржуваат некоја општа диета која ќе им помогне да ослабнат или да ја зачуваат линијата на своето тело. Ако вашите дневни оброци изгледаат како што ние денес ќе ви опишеме, тогаш со сигурност треба да очекувате дека ќе изгубите 4-5 килограми за десетина дена. На вас останува да пробате ...

Наутро (откако ќе се разбудите): Најдобро е да појадувате мусли, можете да го јадете со било што: јогурт, млеко, сок, чоколадно млеко, менувајте секојдневно. Два часа подоцна изедете по две овошја (можете јаболко, портокал, киви или што и да ви се наоѓа при рака). Половина час потоа изедете нешто слатко во мали количини, на пример: еден ред чоколадо или 2-3 колачиња во зависност од тоа што имате на располагање.

Попладне (околу 16 часот): Mожете да изедете порција варен грашок, леќа или домашна супа, во главно би требало оброкот да биде течен и не толку густ.  Еден час подоцна можете повторно да земете нешто благо: еден ред чоколадо или 2-3 колачиња во зависност од тоа што имате на располагање, важно да е во мали количини.

Навечер (околу 19 часот): Можете да изедете порција супа или пак некој друг чорбест оброк (да не се поклопува со претходниот) доколку чувствувате глад. Доколку пак не чувствувате многу глад, заменете го овој оброк со неколку парчиња овошје. Важно! Избегнувајте било каков оброк подоцна од 20 часот!

Земајте по една лажичка мед секоја вечер пред спиење.

Вака ориентационо би требало да изгледа еден ден на луѓето кои се на диета или сакаат да ослабнат. Ова не значи дека секојдневно треба да се држите на овие состојки, менувајте, но, држете се на количината. Можете да вметнете и парче месо за ручек, зелен чај, различни типови на овошја, но во суштина е најважно да консумирате малку, но почесто, без потреба да го исфрлате од употреба благото.

www.doktori.mk, 15.12.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана