Како тешката ташна може да му наштети на вашето тело?

Еден од најомилените модни додатоци на жената е ташната. Освен што е моден детал таа е и нешто многу практично за чување на разни предмети од кои жената постојано има корист. Сепак повеќето од жените често знаат да претераат и ташната се претвора во "торба" која е полна со се и сешто. Дали вашата ташна е тешка? Дали сте се запрашале како тоа влијае врз вашето здравје?

Пореметување на природното држење на телото

Кога ја носите ташната на едното рамо како што и вообичаено се носи, ништо на тој дел од телото не стои како што треба. Се пореметува целото нормално држење на телото, што хронично може да предизвика пореметувања, болки и вкочанетост.

Можете целосно да ги вкочаните мускулите на едната страна

Жените ташните ги носат на доминантната страна од телото. Значи доколку пишувате со десна рака, најверојатно и ташната постојано ја носите на десната рака. Проблемот е што мускулите на тоа рамо полека се затегаат и вкочуваат, што предизвикува нелагодности и болки во вратот. Кај многу жени се јавува и болка во слабинскиот дел.

Оние кои носат многу тешка ташна можат да патат од главоболка

Постојаното носење на гоелми тежини во ташната може да предизвика главоболка, покажале многу истражувања. Затоа ако често ве боли главата, а сте од жените кои буквално знаат да ја напонат ташната помислете и на ова.

Што можете да направите?

Нормално намалете ја тежината

Максималната тежина која треба да ја има вашата ташна е 10 % од вашата телесна тежина, но за да немате ризик од заболувања секојдневно, најдобро би било таа да изнесува 5% од вашата телесна тежина. Значи доколку имате 60 килограми, максималната желина на вашата ташна треба да биде 6 килограми, но најдобро би било да е околу 3 килограми.

Одберете ташна со широка прерамка

Широката прерамка ја распределува тежината на поголем простор и не прави толкав притисок на нервите и крвните садови кога е потешка.

Изберете што ви е неопходно, останатото оставете го дома или во автомобил

Ако имате автомобил кој постојано е со вас, вашата ташна би требало да има сосема минимален број предмети. Се што во моментот не ви е неопходно оставете го во автомобилот, бидејќи кога и да ви затреба ќе ви биде на близу, а нема да ви тежи. Извадете ги шминките кои не ви се потребни, книгите, списанијата, и се друго кое не е неопходно, Оставете само 3-4 работи кои мораат да одат со вас. Пробајте го тоа уште утре и ќе се почувствувате како да летате.

Тешката ташна никако не комбинирајте ја со високи штикли

Високи штикли и тешка ташна, едноставно кажано е катастрофална комбинација за вашето тело. Секогаш кога облекувате штикли користете што е можно по лесна ташна, бидејќи модата е важна, но здравјето е поважно.

www.doktori.mk, 14.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил