Лешникот ја знае тајната за добро здравје и долговечност

Се сеќавате ли кога последен пат изедовте лешник? Сте помислиле ли зошто овој оревест плод е толку баран во светот и се употребува како "луксуз" во многу слатки намирници? Доколку овие прашања ве поттикнаа на мало размислување, тогаш ви препорачуваме прочитајте го текстот наменет за лешникот кој следува во продолжение ... 

Лешникот е плод кој се раѓа од грмовидно дрво кое може да достигне висина до 8 метри. Има јајчести листови, а плодовите се раѓаат како во гроздови по неколку лешници во еден грозд. Лешникот е еден од плодовите кој е практично заштитник на божиќните трпези заедно со оревот, а многу балкански семејства сеуште го собираат и чуваат за да можат да го консумираат во текот на целата зима.

Нутриционистичка слика

За почеток да ја разгледаме накратко нутриционистичката слика на овој плод. Во 100 грама лешници има 628 kcal енергетска вредност.  61% се масти, 17 % јаглехидрати и 15 %  протеини.

  • Од минерали содржи: калциум(114 mg), магнезиум (163 mg), фосфор (290 mg), железо (4,7 mg), цинк (2,5 mg), бакар (1,8 mg), манган (6 mg) и селен (2,4 mcg).

  • Од витамини содржи: витамин C (6,3 mg), тиамин (0,6 mg), рибофлавин (0,1 mg), ниацин (1,8 mg), пантотенска киселина (1 mg), витамин B6 (0,5 mg), колин (45,6 mg), бетаин (0,4 mg), битамин E (15 mg), фолна киселина (68 mcg) и витамин K (14 mg).

Лековитост

Во врска со корисноста на лешникот врз здравјето на човекот сигурно веќе претпоставувате дека е огромно. Како што видовме погоре лешникот е богат со многу витамини и минерали кои се потребни за човекот. Научниците велат дека 30-60 грама лешник е оптималната доза која е потребна да се внесува дневно, за да можат максимално да се искористат лековитите својства.

Лешникот има докажан ефект врз забавување на стареењето како и намалување на ризикот за појава на многу малигни заболувања. Редовното консумирање на лешник помага за намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, регулирање на крвниот притисок и работата на срцето како и намалување на ризикот од срцев и мозочен удар. Научниците велат дека аминокиселините ки се наоѓаат во лешниците имаат големо против-воспалително дејство, како и моќен инхибиторски механизам против раст на малигните клетки. Научниците додаваат дека лешниците особено штитат од рак на дојка и рак на простата. Лешникот го намалува ризикот од дијабетес, а погоден е за консумација и кај дијабетичари.

Интересно е што од лешникот се добива и брашно и масло, кои се извонредно здрави за консумирање. Но, освен за консумирање маслото може да се користи и за масажа на возрасни и на деца бидејќи има одличен благопријатен ефект за целиот организам.

Лешникот е намирница која на нашите простори е многу достапна и не е толку скапа за разлика од некои други држави. Достапна е и  може да се набави во скоро сите маркети, па поради тоа наредниот пат додадете ја на листата на продукти кои треба да ги набавите.

 

www.doktori.mk, 23.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана