Доктори.мк | Како да ги заштитиме децата од пасивно пушење? | kako-da-gi-zastitime-decata-od-pasivno-pusenje | Портал за медицина и здравје

Како да ги заштитиме децата од пасивно пушење?

извор: www.ringeraja.mk

 

Ако вие, или некој од вашето семејство пуши, а имате деца, тогаш е важно да се осигурате дека децата не се пасивни приматели на чад од цигари, кој е класифициран како канцероген од група А, од страна на агенциите за заштита на животната средина.

Пасивното пушење е во научно-докажана корелација со голем број на болести: рак, астма и срцеви болести и им нанесува голема штета на детските бели дробови и на имуниот систем во развој. Со оглед на статистиката, колку помалку ги изложувате вашите деца на чад од цигари, толку подобро.

Чекори кои треба да ги преземете:

Стоп за пушењето

Ако вие, или некој од вашето семејство пуши, најефикасен начин да ги заштитите децата е да престанете со пушење, или да ги убедите пушачите да престанат. Таа навика тешко се искоренува, но погледнете ги само придобивките кои ќе ги добиете со тоа:

  • Поздрави деца, помалку респираторни болести и помали сметки за лекарства (за вас и за нив).
  • Чиста домашна средина, без потреба за белење на ѕидовите и отстранување на мирисот од цигари.
  • Почисти и поздрави заби и непца.
  • Почист тапацир, завеси и огледала.
  • Без трошоци за цигари.
  • Без опасност од запалување и изгореници.

Пушете на отворено

Направете правило никој да не смее да пуши внатре во домот, дури и во најстудената зима. Чадот во затворена просторија содржи поголем процент канцерогени хемикалии и респираторни надразнувачи. Хемиските честички исто така остануваат на мебелот, завесите и ѕидовите и продолжуваат да емитуваат штетни хемикалии долго време откако цигарата е изгасната. Тука ќе го споменеме и застоениот мирис на чад од тутун. Ако веќе не можете да се откажете од пушењето, тогаш најдобар избор за вашето семејство е да пушите на отворено.

Никогаш не пушете во автомобил

Никогаш не е во ред да се пуши во автомобил, дури и тогаш кога децата не се со вас, бидејќи остатоците од штетните хемикалии и миризбата се налепуваат на седиштата. Тоа што ќе ги отворите прозорците може да помогне, но исто така струењето на воздухот може да го однесе чадот директно во лицето на вашето дете.

Замолете ги гостите да запалите цигара надвор

Тоа е ваш дом и имате право на чиста животна средина. Бидете љубезни, но и цврсти во ставот дека заради децата пушењето во домот е забрането.

Чувајте ги децата подалеку од јавните места каде е дозволено пушење

Имајте во предвид дека и покрај забраната за пушење на јавни места, сепак има места каде пушењето е дозволено. Чувајте ги вашите деца од маса на пушачи на затворено место.

Замолете ја бебиситерката да не пуши

Ова може да биде тешко, особено ако бабите и дедовците кои пушат, треба да ви го чуваат детето. Морате да останете цврсто на својот став, заради доброто на вашите деца.

 

 

 

www.doktori.mk, 11.12.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил