Несовршена мама

извор: www.ringeraja.mk

Ова е приказна за несовршените мајки. Оние совршените можат слободно да го прескокнат овој текст и да се вратат во рекламите за пудинг, Мерикс, Glade микроспреј и друга куќна хемија...

Несовршената мајка некогаш не може наутро да стане од кревет, бидејќи бебето плачело цела ноќ заради забче, болест или некоја причина која научниците се уште не ја откриле. Несовршената мајка се буди укочена бидејќи прекрасниот злочко се пикнал во она што некогаш се викаше брачен кревет. Освен што спие тука, туку и се раширил по хоризонтала оставајќи и на мама само 10 центиметри простор, така што пола задник и виси надвор.

Несовршената мајка ќе го остави детето еден час да гледа ТВ (иако експертите тоа не го препорачуваат), а за тоа време ќе подготви ручек, ќе ги измие садовите, ќе вклучи перална и друго.

Несовршената мајка јаде како Етиопјанин, стоејќи, без непотребното џвакање. Несовршената мајка ќе се исправи пред проектилот од храна, бидејќи кашичката полесно се чисти од косата, трепките и веѓите, отколку од ѕидот.

На несовршената мама и паѓа преполната пелена со покаканата страна на под, а потоа и загорува ручекот бидејќи брише каки од подот. Несовршената мајка ќе излезе од дома и во строгиот центар на градот ќе забележи дека има повраќаница на тренерката. Кога несовршената мајка ќе ја прашаат дали се стрижела, таа одговара “Не, само ја измив косата.”

Несовршената мајка ќе развлече насмевка на усните, зад која чкртаат заби секогаш кога нејзиното милениче вришти на гости, им вришти на гостите, трча по супермаркет туркајќи скапи производи, а потоа легнува на сред улица. Ќе ја наведне главата кога минувачите мислат “Боже, преземи нешто”.

Ако се пронајдовте во некоја ситуација - Ви честитаме, несовршени сте!

Кога сите ќе заспијат турете си чаша вино, дигнете ги нозете и наздравете во своја чест. Помина уште еден СОВРШЕН ден.

 

 

 

 

www.doktori.mk, 10.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил