Кои се трите најчести не инфективни болести на пенисот?

И пенисот како и останатите органи заболува. Но, за разлика од другите органи, мажите многу ретко одат на лекар поради болестите на пенисот, па поради тоа тие често можат да завршат со компликации. Денес ви ги претставуваме трите најчести заболувања на пенисот кои не се предизвикани од инфекции.

Парафимоза

Парафимозата е болест која се јавува кај необрежаните мажи. Кожичката префрлена и превртена преку главата на пенисот веќе не може да се врати туку останува притегната околу коронарниот сулкус. Кожичката треба веднаш да ја вратите бидејќи поради опструкцијата може да дојде и до гангрена. Понекогаш е можно тоа да го направите самите, но доколку не може, веднаш треба да се побара лекарска помош.

Пријапизам

Болест на постојана ерекција. Звучи примамливо? Не, воопшто не е. Поради опструктивни промени во крвотокот на пенисот се создава ерекција без никакво возбудување која може да трае по неколку часа или денови. Ако забележите ваква појава веднаш побарајте лекарска помош бидејќи оваа состојба може да доведе до импотенција.

Бисерни папули

Заболување кое е безопасно, се јавува почесто кај необрежаните мажи, а се карактеризира со бели мали папули на работ на пенисот. Се смета дека се јавуваат кај секој трет маж не е познат причинителот, а со сигурност се знае дека не се пренесуваат со секс бидејќи се јавуваат и кај мажи кои никогаш немале сексуален однос.

 

www.doktori.mk, 09.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина