Мажите и оралната хигиена

доктор по стоматологија

Оралната хигиена е подеднакво важна како за мажите така и за жените. Оние мажи кои почесто ги мијат забите имаат помал ризик од настанувањето на проблеми со ерекцијата, за разлика од мажите кои воопшто не се грижат за своето орално здравје. Резултатите од едно ново истражување покажале дека мажите кои имаат воспаление на гингивата т.е. гингивитис, имаат и три пати повеќе ризик од настанување на проблеми поврзани со ерекцијата. Спротивно на ова, турските научници откриле дека 53% од оние мажи кои имаат еректилна дисфункција исто така имаат и воспаление на непцата.



Лошата орална хигиена ги зголемува шансите за да настанат проблеми со ерекцијата. Се смета дека проблеми со еректилна дисфункција имаат повеќе од 150 милиони мажи во светот. Кај две третини од нив еректилната дисфункција се јавува како последица од физички фактори. Кај останатите се јавува како последица од емотивен стрес или депресија. Хроничниот периодонтитис претставува инфективно заболување кое е предизвикано од бактерии и најчесто настанува при гингивитис. Многу од истражувањата покажале дека хроничниот периодонтитис може да предизвика васкуларни заболувања кои се поврзани со проблемите со ерекцијата.



Затоа мажи бидете внимателни и водете поголема грижа за вашето орално луѓе!

 

Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 08.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија