Направете моќен рецепт кој ќе ве штити од грип во текот на целата сезона

Грипот полека но сигурно започнува да ги посетува нашите домови. Луѓето стравуваат дека можат да бидат заразени во секој момент, што освен што ќе предизвика компликации на здравјето ќе ги попречи и секојдневните обврски кои во овој период од годината сите луѓе масовно ги извршуваат. Рецептот кој денес ви го нудиме нема да има многу добар вкус, но ќе ви понуди одлична заштита. 

Што ви е потревно за овој рецепт?

  • Три чаши сок од свежо исцеден портокал

  • 100 грама сок од свежо исцеден лимон

  • Две лажици природен мед

  • 4 главици лук

  • Половина лажица куркума

  • Половина лажица мелен лут пипер

  • 2 лажици изрендан ѓумбир

Како да го подготвам и консумирам?

Едноставно и лесно. Сите овие состојки ставете ги во блендер, се додека не се добие хомогена течна смеса. Течноста ставете ја во шише и задолжително чувајте ја во ладилник. Консумирајте секое утро по една чаша од смесата. Ќе се почувствувате како секое утро да голтате вистинска енергетска бомба. Доколку редовно го користите ќе ја забележите разликата на вашето здравје оваа и претходната сезона. Овој рецепт особено е поволен за стари лица и лица со слаб имунитет.

www.doktori.mk, 07.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана