Доктори.мк | Многу здравје спакувано во неколку коцки чоколадо | Mnogu-zdravje-spakuvano-vo-nekolku-kocki-cokoladо | Портал за медицина и здравје

Многу здравје спакувано во неколку коцки чоколадо

Повеќето го избегнуваат чоколадото како намирница која е штетна по здравјето. Но, факт е дека ова не е точно. Особено ако станува збор за темното чоколадо, мораме да кажеме дека неколку коцки секој ден имаат многу голема корист за организмот. Еве за што се е корисно чоколадото ...

Чоколадо за крвен притисок

Повеќе истражувања докажаа, умереното консумирање на чоколадо секој ден го намалува крвниот притисок и ги штити срцето и крвните садови.

Анти депресив

Сигурно и самите на себе сте приметиле дека чоколадото е одличен анти-депресив. Всушност тоа содржи серотонин, кој е природен анти-депресив. Луѓето кои јадат редовно по неколку коцки чоколада имаат помал ризик да западнат во хронична депресија.

Чоколадо една од најмоќните намирници против рак

За лукот, зелениот чај, боровинката и другите слични намирници сигурно сте знаеле, но дали знаевте дека и чоколадото има ваков сличен ефект? Многу истражувања докажале дека неколку коцки чоколадо дневно заедно со една чаша црно вино се еден од најмоќните оружја за превенција од рак.

За здрав мозок

Истражувањата покажуваат дека темната чоколада ги штити мозочните клетки и директно и индиректно влијае за намалување на ризикот од мозочен удар. 

Доколку ви фали нешто слатко, тогаш не двоумете се дали да посегнете по чоколадото, но внимавајте само неколку коцки на ден!

 

www.doktori.mk, 05.12.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана