Вино - библиски пијалoк кој нуди многу здравје доколку знаете паметно да го користите

Бизнисмен доаѓа кај лекар и ги објаснува своите проблеми: "Докторе, имам проблеми со болки во зглобовите, чести боцкања во градите, постојано сум под стрес, почнав многу да заборавам." Докоторот одговара: "Имате почетен артритис, болките во градите укажуваат на исхемични промени на срцето, постојано сте под стрес што прави проблеми на целиот организам. Кажете ми колку пиете? Бизнисменот горделиво одговара: "Никогаш не сум испил ниту капка алкохол". Докторот самоуверено заклучува: "Тоа објаснува се, ви препишувам 200 милилитри вино дневно"

Не, ова не е виц, туку спротивното. Сакаме да укажеме дека пиењето алкохол во умерени количини е од исклучителна важност за вашето тело, ако и понатаму не се согласувате со нас, прочитајте во продолжение зошто умереното количество алкохол е здраво за вашето тело.

Вино лек за здраво срце, еликсир за долг живот

Научниците направиле голем број на истражувања во врска со користењето на виното и неговото влијание врз здравјето на срцето, крвните садови и долговечноста. Резултатите покажале дека една чаша вино дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 40%, но две чаши вино го превенира ризикот за 60%. Научниците велат дека лицата кои можат да "носат" две чаши вино дневно можат слободно да ги консумираат без да мислат дека е штетно. Студијата била направена на Хардвар врз 12 000 испитаника.

Бело вино против настинка и грип

Настинка и грип се непознати за уживателите на белото вино велат научниците од Хардвар, кои направиле истражување заедно со еден шпански универзитет. Тие заклучиле дека умереното користење на алкохол го намалува ризикот од грип за 60%, додека белото вино го намалува ризикот од грип за 88%. Додека пак, и кога ќе закачите грип, симптомите на уживателите на белото вино се десеткратно помали - велат научниците.

Виното штити од рак на дојка

Секојдневното користење на виното штити од рак на дојка за 44% велат научниците. Сепак ова важи за жените кои секојдневно умерено го консумираат. Оние кои го консумираат не редовно, нема ефект.

Виното и ревматоидниот артрит

Две одвоени скандинавски студии потврдиле дека жените кои пијат по една чаша дневно вино, имаат за 40% помали шанси од ревматоиден артрит. Но, тие докажале и дека оние кои често претеруваат со консумирањето на вино имаат поголеми шанси да заболат од истиот.

Што повеќе вино помал ризик од рак на желудник

Истражувањето направено на 30 000 испитаника, покажало дека и оние луѓе кои повеќе уживаат во виното имаат за 24% помали шанси да заболат од рак на желудник. Не, не ве советуваме да бидете алкохоличари, но треба да сфатите дека и една чаша вино дневно со сигурност го намалува ризикот од рак на желудник за разлика од луѓето кои не го консумираат воопшто.

Виното и сексот

Ако пиете умерено вино сексот ќе биде значително подобар. Научниците го тврдат овој факт повикувајќи се на истражување кое покажало дека една чаша вино пред секс на жените им помага полесно да доживеат оргазам, а на мажите да ја задржат ерекцијата и да ја одложат предвремената ејакулација.

Вино дар од Господ

Пијте од ова вино - им рече Исус на апостолите, тоа е мојата крв. Бог ја дарувал земјата со ова магична супстанца наречена вино, позната пред многу илјади години, опишана во Библијата и во многу други книги. Ова значи дека не треба да ја избегнувате, бидејќи е моќен лек, но не треба да ја злоупотребувате бидејќи позитивната моќ може да се претвори во нешто сосема спротивно.


 

www.doktori.mk, 14.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил