Направете сами рецепт за лекување на болно грло

Проблемите со грлото ќе станат се почести во периодот кој доаѓа. Многу луѓе мака мачат да се справат со болката која знае да се задржи долго време. Има многу природни рецепти, можеби повеќето што сте ги пробале не дале ефект, но, сепак, ние ви препорачуваме пред да побарате помош во аптека, пробајте го рецептот кој денес ќе ви го претставиме ....

Во еден сад ставете еден литар вода. Во водата ставете 2-3 добро измиени компири заедно со лушпата. Водата оставете ја да зоврие. Откако водата ќе зоврие ставете една рака мешани суви билки, можете да ставите повеќе во зависност од тоа со што располагате (жалфија, камилица, липа), додадете и неколку капки масло од еукалиптус или друго слично кое го имате на располагање.

Веднаш штом започне да се дига пареа во кога се чувствува аромата на смесата, заштитете ја главата со крпа, наведнете се над пареата и вдишувајте 10 минути. Посапката повторувајте ја 3-4 пати на ден.

www.doktori.mk, 30.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина