Доктори.мк | Секоја мајка заслужува одмор | sekoja-majka-zasluzuva-odmor | Портал за медицина и здравје

Секоја мајка заслужува одмор

извор: www.ringeraja.mk

 

Дали некогаш сте помислиле: барем некој да се грижеше за мене, како што јас се грижам за своето бебе?

Мајките најдобро знаат што значи зборот замор и колку тешка и исцрпувачка е грижата за малите бебиња и за децата. Секоја жена доаѓа до состојба кога ќе ”прегори” и кога ќе дојде до емоционална исцрпеност, а тоа се случува кога ќе помине предолго време во нерамнотежа. Но на своето дете и понатаму му требаме без оглед на тоа што сме уморни, несреќни, лути... Затоа не заборавајте на себе, немојте да мислите дека заради тоа ќе бидете себични, бидејќи се` што му треба на Вашето дете е одморена и среќна мајка.

Испробајте ги следните идеи за одмор:

  • Прошетајте. И покрај сите обврски најдете време да се прошетате сами и оставете го таткото да се забавува со бебето, или детето.
  • Истуширајте се. Колку пати не сте стигнале да се истуширате бидејќи не сакате да го оставите бебето? Направете го тоа.
  • Побарајте помош. Замолете некој од семејството да Ви помогне на неколку часа. Искористете го тоа време да направите нешто за себе, па дури и тоа да биде седење и слушање музика, фитнес или шопинг...
  • Уживајте во своето хоби. Ако имавте некакво хоби пред доаѓањето на бебето, кое е привремено ставено на чекање, време е повторно да почнете да уживате во него.
  • Запишете се на некој курс кој отсекогаш сте го сакале. И не заборавајте, тоа да не биде курс за мајки и деца, туку само за Вас, а детето останува дома со таткото.
  • Посетете салон за убавина. Почестете се со нова фризура или релаксирачка масажа. Дозволете си нешто за што немате време дома.
  • Одморете се. Немојте да чувствувате обврска дека мора да излезете од дома. Понекогаш најголем одмор ќе Ви биде доколку ја затворите вратата и отспиете сами во темна просторија.
  • Не заборавајте на своите пријателки. Кафенце или краток телефонски разговор знае да ги олесни долгите и тешки денови поминати дома.

 

 

 

www.doktori.mk, 28.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил