Магична комбинација: Ѓумбир и лимон

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

Сирупот од ѓумбир и лимон е многу здрав пијалок наменет за ублажување на главните симптоми на настинка и грип: зголемена температура, главоболка, мускулни болки, болки во грлото, кашлица, исцрпеност.

Сокот од лимон е богат извор на витамин Ц, моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и рак. Традиционално, ѓумбирот се употребува за ублажување на стомачни тегоби и мачнини. Сепак, овој корен има и антивоспалително дејство односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.

Подготовка на сируп од ѓумбир и лимон

Добро исчистен и измиен свеж корен од ѓумбир се лупи и се сецка на ситни коцки. Се додава 1 килограм шеќер и се меша убаво. Се прелива со 2 литри вода и се става на оган да зоврие. Се трга од оган и става да одстои околу 12 часа. Се прoцедува и се меша со сок од 1,5 килограм лимон . Се чува во стаклено шише во фрижидер. Сирупот се пие разреден со вода.

www.doktori.mk, 27.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана