Децата ни го вртат животот за 180 степени

извор: www.ringeraja.mk

 

Во прилог се неколку смешни, но и вистинити примери за нашите грижи, преокупации и начин на живот пред и по раѓањето на детето. Во главно се однесуваат на мајките :)

Не сте спиеле повеќе од три часа без прекин во последните две години? Таков е животот. Не можете да ги облечете своите скапи штикли бидејќи нозете Ви се зголемија за време на бременоста? Таков е животот. Го имате најслаткото, најбрзото, најмилото и најнемирното дете на светот? Таков е животот...

Сексот пред породување: Драги, тури ни по една чаша вино, малку да се расположиме.

Сексот по породување: Мислам дека децата конечно заспаа.

 

Музиката пред породување: Ако ти е прегласно, си остарел.

Музиката по породување: Ако го разбудиш детето, тоа ќе ти биде последно!

 

Ноќен живот пред породување: Одиме да лудуваме и да пиеме коктел. Пет коктели! Јуху!

Ноќен живот по породување: Бев сама во шопинг центар. Беше волшебно!

 

Уредување на домот пред породување: Минимализам и чисти линии.

Уредување на домот по породување: Жива закопана во играчки.

Совршено мечтаење пред породување: Ноќ со саканата личност.

Совршено мечтаење по породување: Ноќ со непрекинат сон.

 

Автомобил од соништата пред породување: Шмеќерски двосед.

Автомобил од соништата по породување: Караван со сите можни додатоци за дете.

 

Излегување со пријателите пред породување: На пијалок со совршена фризура и шминка.

Излегување со пријателите по породување: На facebook во пижами.

 

Дочек на Нова Година пред породување: Што подалеку и што по лудо.

Дочек на Нова Година по породување: Кој се грижи за тоа? Децата стануваат во пет часот.

 

Се согласувате?

 

 

 

www.doktori.mk, 27.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил