Како да ги прочистите крвните садови со помош на лук?

Со текот на годините флексибилноста на крвните садови се намалува, нивните ѕидови претрпуваат промени, а со тоа стануваат и склони кон разни заболувања. Како да ги прочистите и одржувате витални срцето и крвните садови со помош на лук? Прочитајте ги нашите предлози ...

ВАЖНО! За било кој од овие едноставни рецепти да даде резултат неопходна е промена во животните навики, тоа не подразбира строга диета, но подразбира намалување на внесот на масна и калорична храна, а зголемување на внесот на овошје, зеленчук како и други здрави намирници!

Лимон и лук

Четири главици лук и четири главици лимон е се што ви е потребно. Овие состојки смелете ги ситно и ставете ги во еден сад. Потоа прелијте ги со топла вода и веднаш затворете го садот. После три дена отворете и можете да започнете со консумација. Препорачаните дози се три пати дневно по 100 грама течност.

Брзо и ефикасно

Земете 200 грама лук, три лимони,  една помала главица кромид и 200 грама мед. Се што е потребно да направите е да ги помешате сите овие состојки, секако претходно смелени. Земајте по една супена лажица секогаш триесет минути пред оброк.

 

www.doktori.mk, 26.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана