Како да одберете квалитетен компир

Нема продавач кој за својата стока не вели дека е добра и квалитетна. Но, секогаш вие сте тие кои на крајот треба да пресудите и да ја одберете онаа која според вас е најдобра. Слично е и при избор на компир. Со оглед на тоа што Македонија е земја во која што компирот е една од најупотребуваните намирници денес ви нудиме неколку совети, на кои треба да се присетите на пазар пред да одберете компир ...

Користете ги ноктите за да проверите дали компирот има премногу пестициди

Земете го компирот во рака, и доколку имате подолги нокти забијте ги во самиот компир. Доколку слушнете звук, кој јасно може да се слушне при пробивањето,  тогаш компирот нема или има мало ниво на пестициди. Доколку не се слушне никаков звук, а ноктите само пропаѓаат во компирот или се слуша многу мал звук, тогаш компирот има големи количини пестициди.

Компирот не треба да има зелени делови на себе

Некои компири имаат зелени делови на себе. Ова е доказ дека компирот не бил адекватно чуван, појавувањето на зелените делови на компирот означува појава на токсична супстанца која најчесто се јавува кога компирот е изложуван на сонце.

Домашен компир

Секогаш купувајте компир од места кои се проверени, од луѓе кои ги познавате, кои знаете каков компир произведуваат. Никогаш немојте да ја гледате големината и формата на компирот бидејќи тие не се индикација за тоа дали истиот е подобар или по вкусен.


 

 

www.doktori.mk, 24.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана