Доктори.мк | Моември, месецот на машкото здравје | moemvri-masko-zdravje | Портал за медицина и здравје

Моември, месецот на машкото здравје

Битката за здравјето се води со пуштање мустаќи

10-та година по ред на светско ниво се организира Моември, месецот во кој мажите со поддршка од понежниот пол на еден прилично ортодоксен, а оригинален начин го креваат гласот и собираат средства со цел подобрување на здравјето кај мажите.

За што се работи?

Група на пријатели од Австралија пред 10 години после еден неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите одлучиле да си постават предизвик и да пуштаат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата. Уште две реченици со малку математика, доколку ова ви звучи смешно: првата година имало само 450 активисти (моу-броу, Мо-Бро, брат мустаклија) кои собрале 54.000 американски долари. Во 2012 во целиот свет 1.9 милиони активисти на Моември (Movember) собраа повеќе од 150 милиони долари.

Како се работи?

Правилата на светско ниво се следни: 1-ви ноември е датумот на кој сите мустактивисти ја бричат својата брада, па цел месец пуштаат мустаќи, бараат спонзори за својата „активност“, луѓе кои ќе платат пари на сметка на организацијата за храброста и одважноста на оној кој одлучил да израсне мустаќ и придонесуваат за подобрување на квалитетот на машкото здравје, со тоа што изгледаат како мажи. Оние кои имаат мустаќи се охрабрени да почнат од нула, како и другите, со цел токму мустаќите (и нивното отсуство кај оние кои ги имале цел живот) да бидат супер медиум кој ќе ги натера луѓето околу вас да се заинтересираат за акцијата.

Како да се вклучам?

Секој кој сака да биде дел од движењето може да се регистрира на официјалниот сајт на Моември (movember.com) и да си направи кориснички профил преку кој се врши донацијата на средствата, директно во фондот на светската организација Movember која потоа ги пренасочува кон истражувачите на лек за ракот на простата, ракот на тестиси и менталното здравје. Бидејќи сеуште сме во фаза на „докажување“ како земја која треба да покаже активност за да биде најофицијално примена и регистрирана на сајтот на Movember, тимот Movember Macedonia годинава „настапува под американско знаме“ токму за да имаме опција да креираме тим на активисти кои и индивидуално, но и во името на групата ќе работат за каузата на светската организација.

 

Сите информации околу активноста на Моември Македонија може да ги најдете на фејсбук групата Movember Macedonia и на нивната твитер сметка: @MovemberMK.

www.doktori.mk, 23.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина